Кафе муабет
Се огласи Александра Пријовиќ по гласините за разводот: Пејачката конечно ја кажа вистината!
Пријовиќ вели дека нема развод...
Пејачката Александра Пријовиќ ужива во хармоничен брак со Филип Живојиновиќ, а нивната врска уште од самиот почеток ја заинтригира јавноста, па често се шпекулира и дека се разведуваат или дека има несогласувања меѓу нив.
Пејачката реши да ги прокоментира и насловите кои во последно време се појавуваат во медиумте а целата ситуација ја подгреа службеното патување на Филип во Америка.
– Многу пати ме разведуваа. Само што почнавме да се забавуваме, пишуваа дека сме се свршиле, не знам уште колку пати, не ли беше доволно? – рече Александра.
Имено Пријовиќ тргна по патот на Лепа Брена, но и на многу други колешки, кои се испробаа во актерството, па може да се пофали со улога во серијата „Убијците на мојот татко“.
– Навистина беше прекрасно искуство, иако не бев за тоа бидејќи никогаш не глумев, но ме убедија да пробам. Го направив тоа, но сега не би прифатила бидејќи не сум актерка, а интересно беше научив доста работи, вели таа.
Иако пејачите често глумат во филмови и серии, таа имаше посебна улога, но смета дека не би се обидела повторно во оваа работа.
– Пејачка беше во прашање, па ми беше полесно. Немаше потреба од премногу глума, но бев сериозно нервозна – признала пејачката.
За потсетување, Филип и Александра го имаат синот Александар, на кого пејачката му е крајно посветена.
Но во последното интервју за „Телевизија Курир“ пејачката откри интересни детали од бракот.
Познато е дека мажите не сакаат да се мешаат во женската гардероба, но и љубоморни се кога жената ќе облече малку пократко здолниште, но Пријовиќ рече дека кај Филип е сосема поинаку:
– Воодушевен е кога ме гледа вака, ми вели дека изгледам одлично. Морам да го прашам за се и што и како мисли бидејки неговото мислење ми значи многу. Така е и вечерва. Мислам, штом го видов материјалот на фустанот, го прашав што мисли за тоа, така што неговото мислење секогаш ми значи, а посебно ми значи кога ќе ми каже дека изгледам одлично – рече Александра и ги шокираше сите.
Убавата пејачка поголемиот дел од слободното време го поминува со својот син, кој редовно оди во градинка, а како што одамна откри дека не знае да готви, сега посочи дека ништо не се променило на тоа поле.
Но она што сега ја заинтригира јавноста по што почнаа сомнежите дека парот не е во добри односи е последната објава на Филип.
Сите веќе се свесни дека ситуацијата со корона вирусот најтешко ги нападна естрадните уметници но сепак, како и со се, има исклучоци. Семејството Живојиновиќ имаат стекнато толку богатство што немаат потреба од работа, а живеат сосема удобно.
Сепак, Александра Пријовиќ, снаата на ова познато семејство, се уште работи, а сега се труди да заработи што повеќе.
Досега Александра и нејзиниот сопруг Филип беа неразделни, но сега е време за разделба.
Имено, Филип отпатувал во САД без сопругата и синот, од каде испрати поздрав до своите следбеници на Инстаграм.
Се уште не се знае колку ќе остане, и дали е се во ред со нивната врска, но она што е познато е дека Филип е на службено патување.