Кафе муабет

СЕ ЖЕНИ ПЕТАР ГРАШО: Ја остави Даниела и среќата ја најде со 15- години помлада

Хана наводно веќе одбрала венчаница...

Петар Грашо неодамна во медиумите призна дека е во врска со 15 години помладата Хана Хуљиќ и се чини дека наскоро ќе стапне на лудиот камен.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

Како што објави RTL.hr, Хана веќе избрала дизајнери за венчаницата, а парот ќе застане пред олтарот во 2022 година.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Хана, ќерката на Тончи и Вјекослава Хуљиќ, се занимава со музика, а моментално е една од најпознатите сплитчанќи, но се чини дека многу не води грижа за озборувањата. Таа се уште се труди да ужива во интимноста на убавиот приватен живот, особено денес – кога го слави својот 31 роденден, пишува споменатиот хрватски медиум.

Фото Инстаграм/Петар Грашо
Фото Инстаграм/Петар Грашо

Но, нема да и биде лесно да ја задржи интимноста. со оглед на тоа дека откако се дозна дека е во врска со Петар Грашо новинарите ја следат секоја нејзина трага.

Заљубениот пар буквално не се разделува. Според RTL.hr, таа неодамна го придружувала Петар на концерт во Чикаго, а по враќањето во Сплит, парот го прославил Бадник и заедно со семејството и најблиските пријатели го прославил Божиќ.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Дека работите меѓу Хана и Грашо никогаш не биле подобри и посериозни, дознава споменатиот медиум од извор близок на парот.

За време на гостувањето во емисијата магазин ИН, Петар за прв пат јавно потврди дека двајцата се заедно, но не откри премногу детали. На прашањето како е Хана, тој одговори: „Многу сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е многу добро и ние сме среќни“.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Иако не се појавуваат во медиумите, двојката повеќе не се крие, па неколку пати беа видени заедно додека се држат за рака, а на нејзиното семејство не му пречи тоа што Петар е близок пријател со таткото на Хана, Тончи Хуљиќ и ја знае Хана уште од мали нозе.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

За потсетување, веста дека децениската врска меѓу Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ пропадна, ја изненади јавноста пред неколку месеци. Меѓутоа поголемо изненадување беше тоа што Грашо сега има нова девојка и тоа ќерка на негов близок пријател.

Фото инстаграм/Петар Грашо

Хана и Грашо соработуваа заедно за неговата песна “Srce za vodiča” , и меѓу нив уште тогаш се родија симпатии. Како што сега пренесуваат хрватските медиуми, романсата трае веќе некое време, а Хана го придружува Грашо на речиси сите настапи.

Имено јавноста долго ја чекаше и изјавата на неговата поранешна девојка Данијела Мартиновиќ по повод раскинувањето.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Хрватската уметница Данијела Мартиновиќ и Грашо беа во врска 24 години а сега таа остана со скршено срце, откако Петар зашочна нова врска со 15 години помладата Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ.
По неколкумесечен молк се огласи Даниела Мартиновиќ која реши да ги прекине гласините и да ги открие вистинските причини за разделбата од Грашо.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Не можете да го избегнете моментот кој е неизбежен – беше искрена пејачка за хрватското издание на „Глорија“

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Додаде и дека врската со Петар ја гледа како „убаво минато“.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close