Кафе муабет
СЕКОЈА ЧЕСТ: Девојче кое нема раце победи а натпревар по убаво пишување!
Таа е вистински борец
Кога имала 6 години Сара која е родена во Кина била посвоена од семејство од САД.
Сара Хинесли е родена без двете раце, но сепак е вистински херој и борец а неодамна и го докажа тоа.
Имено Сара која кога била посвоена во САД, не знаела ниту англиски ниту пак да пишува, сега веќе 10 годишното девојче одлично се снаоѓа дури и успеа да победи на неодамнешниот национален натпревар по убаво пишување во САД.
Сара ја сака уметноста и пишувањето е за неа само еден од начините на уметничко изразување.
Имено многу наставници постојано посочуваат дека се губи уметноста на убаво пишување, сепак 10 годишната Сара нејзиниот хендикеп не ја спречува да го прави тоа.
За да може Сара толку брзо да се вклопи во новиот живот најмногу и помогнала нејзината сестра Вероника.
Откако победи на натпреварот за убаво пишување Сара изјавила дека ја совладала оваа техника, „прилично лесно“, и покрај фактот дека е родена без обете раце.
„Секогаш се обидувам да најдам начин да го направам тоа што на почетокот мислев дека не можам да го сторам, рече таа за WJZ.
„Давам се од себе и се случува вакво нешто.
Судиите беа импресионирани од нејзината волја, но и од конечниот резултат на нејзината напорна работа.
Сара пишува фаќајќи го моливот или пенкалото со двете раце.
„Се чувствував возбудена и бев горда“, изјави Сара по победата за „Добро утро Америка“
Таа на натпреварот освои 500 долари, и освои 500 американски долари едукативни материјали за нејзиното училиште.