Кафе муабет

,,СЕКОЈА НОВА ГОДИНА ЌЕ МИ ПОЧНУВА СО СОЛЗИ’’ – Братче мое 2 години без тебе – СОФЧЕ ЏОРЛЕВА СЕ ПРИСЕТИ НА ПОЧИНАТИОТ БРАТ

Братче мое две години без тебе – почивај во мир...

Софче Џорлева, познатата македонска вокалистка, која изминативе години можевме да ја видиме на српските музички шоуа како дел од ,, Никад нијде касно’’, постојано е активна на медиумите.

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

Македонската пејачка споделува дел од приватниот живот, за кариерата, за својот син Огнен, но и за семејната  загуба која ги снајде.

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

Во едно од изданијата на емисијата Магазин таа отворено зборуваше за загубата на нејзиниот брат – легендарниот виолинист Зоран Џорлев.

ФОТО: Огнен Здаввковски/Инстаграм

„Многу бев приврзана со мојот брат, си замина поради вирусот. Живееме во време на една таква пандемија, на војна да речеме. Јас никако не можам да се помирам дека го изгубив од таква болест.

Затоа што тој беше полн со живот, не беше ни болен претходно, немаше никакви потешкотии претходно, како укра-ден ми отиде братот, ете така“, рече Џорлева низ солзи.

ФОТО: Огнен Здаввковски/Инстаграм

„Животот си тече понатака, тоа беше Божја волја да се рече, и тоа е. Јас бев многу покритична, зборев нели претходно да не се навраќам, сите се чудеа на клиника јас како преживеав, ама не било денот, не било речено да отидам“.

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

„Спомените се многу болни, но сега мора да се живее. Не сум јас единствена што сум го загубила братот, јас го загубив и детенцето мое пред 20 и кусур години, родителите, ама и за брат многу е болно“, изјави пејачката.

ФОТО: Огнен Здаввковски/Инстаграм

 

Маестро Џорлев почина пред 2 години. Софче пред неколку дена се присети на споменот на својот брат па објави заедничка фотографија на нејзиниот Фејсбук профил а под неа напиша:

Фото:Фејсбук/Софче Џорлева

,,Братче мое, две години без тебе. Секоја Нова година ќе ми почнува со солзи. Почивај во мир’’, емотивно напиша Софче во објавата.

ФОТО: Огнен Здаввковски/Инстаграм

На 1 јануари 2021 година, на 53-годишна возраст, почина македонскиот виртуоз на виолина, вокален изведувач и професор, Зоран Џорлев.

Фото/Принтскрин

Зоран Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството. Во прво одделение со семејството се преселил во Скопје.

Фото/Принтскрин

Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, а во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми.

Фото/Принтскрин

Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.

Фото/Принтскрин

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close