Кафе муабет
Седиме на семеен ручек, јадеме супа а потоа…- Јелена Карлеуша откри се за разводот!
Еве зошто се распадна бракот со Бојан Кариќ...
Почетокот на годината дефинитивно е кобен за љубовниот живот на пејачката Јелена Карлеуша.
Пејачката изминативе години често е во екот на скандали. Откако во 2019 година одекна приказната за нејзината љубовна врска со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, што пејачката безброј пати ја демантираше и поради тоа се уште е на суд со многумина, нејзиниот живот не престана да ја интригира јавноста.
На почетокот на оваа година се појави приказна за разводот со Душко Тошиќ, која и двајцата ја демантираа. Но почетокот на годината не беше воодушевувачки за пејачката бидејќи таа го пријави сопругот за семејно насилство, откако тој за време на Божиќниот ручек наводно и удрил шлаканица и ја удрил по што следуваше еден месец забрана за приближување до Јелена.
За пејачката непријатен беше и почетокот на 2005 година, поточно месец март. Таа потоа се разведе од првиот сопруг Бојан Кариќ по само три месеци брак, а овој развод беше проследен со медиумски линч.
Јелена тогаш тврдеше дека за нивниот развод е виновен вујкото на Бојан, Богољуб Кариќ. Таа во својата колумна за Ало потоа ја откри својата страна на приказната и деталите од животот во семејството Кариќ.
Само што почнав да се забавувам со Бојан, бев баниранa на БК телевизија, албумот кој тогаш излезе за БК беше „замрзнат“, а навредите на семејните ручеци беа секојдневни. Сите седиме и јадеме супа во тишина, додека овој ми се*е по глава како „работам против семејството“ и дека само чека „писмени докази““, ја започна тогаш својата исповед Јелена, а потоа откри што се случувало понатаму:
Го чукнав Бојан со лакт, за да ме одбрани од нападот на вујко му, а тој молчи. Молчеше додека не се измисли познатата афера „Телохранител и ЈК на задното седиште на Хамер“. Какво холивудско сценарио, да речеме? Се разведовме по три месеци брак.
Јелена во таа прилика откри дека го замолила бившиот сопруг да ги прекине тие приказни за неа, но бидејќи тој не сакал дочекала момент на ‘слатка одмазда’.
„Се сеќавам дека од очај му испратив порака на Бојан да ги демантира глупостите за измамата и да ме спаси од линч… Затоа што јас испаднав курва, а тој е ѓубре! Ниту го слушнав, ниту видов па таа вечер кога ги ограбија „Мобтел“ и БК ТВ и се останато, седев пред екранот и грицкав чипс, ладна како мраз“, заклучи тогаш пејачката.
Инаку неодамна ќерката на Хафа и Драгомир Кариќ стакна дека без разлика што разводот на Јелена и Бојан бил бурен, таа сепак има добро мислење за неа.
– Сигурно не се омажила за пари со него, туку се сакале. Има девојки кои за пари сакаат да ни се придружат на семејството, но Јелена не е една од нив. Многу добро се согласував со неа, ми беше една од омилените снаи. Карлеуша е многу љубезна и фина личност приватно, секогаш ми покажуваше почит, немам ништо лошо да кажам за неа. Имав убаво мислење за неа и го имам сеуште – истакнува Даниела.
На прашањето дали другите членови на познатата династија ќе и замерат што ја фали поранешната снаа, таа одговори:
– Како семејство многу се сакаме и се држиме заедно. Сепак, секој од нас има право на свој став и мислење.
Наследничката на богатата империја потсетува дека и таа самата се разведе од Никола Мартиќ, па затоа е свесна дека само Јелена и Бојан знаат зошто им пропадна бракот.
-Милиони луѓе се разведуваат, тука не гледам ништо чудно. Очигледно не беа еден за друг, бидејќи среќата ја најдоа во новите бракови, таа со Душко, тој со Маша. Мило ми е што и двајцата го најдоа својот пат и љубовта. Премногу помпа се крена околу нивната врска без причина. И јас бев во брак, па се разведов. Сè е за луѓе- смета Даниела, братучетката на Бојан.