Кафе муабет
СВЕKРВА МИ ДОЈДЕ НА ВЕЧЕРА КАЈ НАС, А ПОРАДИ ТОА ШТО ГО НАПРАВИ ЈА ИЗБРКАВ ОД КУЌАТА: Снаата се вознемирила, па направила ХАОС!
И ја фрлила вечерата...
Односот меѓу свекрва и снаа е вечна тема која е секогаш актуелна. Всушност, ретко односите во оваа врска да бидат хармонични. Некој секогаш сака некому да му го загорчи животот, а се чини дека тоа е почесто свекрвата.
Така, една жена на Редит сподели колку била бесна кога нејзината свекрва дошла кај неа и кај нејзиниот сопруг на вечера, а потоа ја фрлила храната што ја подготвила во канта.
Како што напишала на Редит, тоа требало да биде опуштена семејна вечера, која ја подготвила непосредно пред доаѓањето на нејзината свекрва. Ја сретнала, се поздравила со неа и отишла брзо да се истушира, а нејзиниот сопруг доцнел од работа, пренесува Мондо.
Кога излегла од бањата, го видела тенџерето за вечера празно, а свекрвата во ново тенџере почнала да подготвува оброк. Мајката на нејзиниот сопруг и рекла дека најверојатно заборавила да го исклучи шпоретот и дека вечерата изгорела, па отишла набрзина да подготви нешто.
Меѓутоа, кога жената ја отворила кантата, видела дека храната воопшто не изгорела!
„Ги изгубив нервите со неа затоа што ова не е прв, ниту втор пат, туку трет пат да го прави ова. Можеби сега ќе ми кажете дека тоа е случајност, но јас не верувам.Јас викнав по неа, и реков дека не требаше да ја допре мојата вечера затоа што потрошив време и труд да ја направам, а потоа излажа зошто ја фрлила храната, а всушност едноставно не ѝ се допаѓа начинот на кој јас готвам. Мојот маж влезе и ми рече да се смирам зошто „мама не мислела ништо лошо „Јас и реков веднаш да излезе од мојата куќа“, објаснила жената.
По кратка расправија, свекрвата си заминала, а сопругот потоа збеснал на неа и ја обвинил дека ја исфрлила мајка му од дома „само затоа што подготвувала вечера“. Сепак, таа мисли дека тој не ја разбира поентата на сето тоа.
„Му реков дека вечерата е веќе готова, но таа ја фрли, а не беше ни изгорена. Ме нарече луда и се качи горе, каде сам ја изеде целата вечера подготвена од мајка му. Јадев јогурт и урми, што беше страшно бидејќи бев многу гладна“, заклучила жената.
„Прво имаш проблем со сопругот, па дури потоа со свекрвата. Реши го прво проблемот со мажот, пред ова да ескалира“, е еден од советите кои ги добила од форумот.
„Тоа не беше случајно, но свекрвата сакаше да ви покаже кој е главен, време е вашиот сопруг да се разбуди. Во никој случај не треба да застане на нејзината страна и да ви каже како „не мислела ништо лошо“. Ова не е само недоразбирање и ако некој овде е луд, тоа дефинитивно не сте вие“, напишал друг корисник.