Новости

СВЕТОТ СТРАВУВА ОД ЦРНО СЦЕНАРИО: Дојде периодот на корона и грип- докторите со лоши прогнози!

Ситуацијата со коронавирусот излегува од контрола.

Нови рестриктивни мерки за заштита од новиот вирус Ковид-19, се воведуваат речиси во сите земји во светот. Епидемиолозите прогнозираа дека на есен ќе дојде до застрашувачки бројки на заразени, а сега изгледа и се остварува нивното прогнозирање.

Вирусот започна да се шири со рекордна стапка со доаѓањето на постудените денови, но сите експерти се согласија дека најважната мерка што може да се преземе во овој момент е колективна вакцинација против грип.

„Совршената бура“ или „епидемија на близнаци“, како што сите го нарекуваат спојувањето на грип и корона, допрва треба да се случи, бидејќи е средина на октомври и грипот само се надополнува. Затоа, во овој период најважна е имунизацијата . Со вакцинирање, ќе се олесни здравствениот систем, а потоа ќе се спречи масовно заболување, и појавување на сценариото од кое лекарите стравуваат, а тоа е истовремено болни пациенти од двете инфекции.

Повеќе европски земји започнуваат со вакцинирање против грип

Владата во Велика Британија апелираше до своите граѓани да се грижат за своето здравје, и да се вакцинираат против грипот, велејќи дека тоа е од витално значење за заштита на здравствениот систем. Во овој момент земјата се соочува со недостиг на вакцини против грип , затоа што луѓето одговорија на она што го побара владата од нив.

Како што пренесе Вашингтон пост, докторите ги ставаат луѓето на списоци на чекање или им кажуваат да се јават во декември.

Германските педијатри предупредуваат дека планираните 26 милиони вакцини не се доволни за целото население, а многу веројатно нема да бидат достапни ниту за сите пациенти со висок ризик.

Претседателот на Здружението на педијатри, Томас Фишбах, потсети дека  25.000 луѓе починаа во Германија за време на сезоната на грип 2017 и 2018 година.

Фишбах апелираше први да се вакцинираат децата и младите бидејќи како што вели децата се носители на грип.

– Прво се разболуваат, а потоа ги инфицираат другите, поинаку отколку што е случај со вирусот корона – објасни тој.

Вакцините веќе ги снема во одредени делови на Австрија. Во Клагенфурт, достапните вакцини „исчезнаа“ за само еден ден, а слична е состојбата и во Сент Пелтен. Во Виена, за разлика од другите делови на Австрија, засега нема недостаток на вакцини, но затоа списокот на чекање за имунизација е долг.

Италија која беше најпогодена земја во Европа од коронавирусот, оваа година порача 50 проценти повеќе вакцини од минатата година. Регионалните здравствени власти нарачаа 17 милиони вакцини за сезонски грип, плашејќи се од црно сценарио.

За разлика од овие земји, Европа планира да вакцинира значителен дел од најранливите групи, а предност ќе имаат постарите лица, хронично болните, бремените жени и здравствените работници.

Америка се подготви подобро од Европа но залудно

Иако Америка генерално се подготвуваше подобро од Европа, и набави поголем број на вакцини планирајќи да се опфати поголем дел од населението, сепак побарувачката доведе до недостиг на вакцини во одредени области. Здравствените експерти велат дека може да се случи да се одлучува кој ќе има приоритет за да ја прими вакцината против грип.

Недостиг на вакцини има и во Кина

Зголемената побарувачка за вакцини против сезонски грип има и во повеќе кинески градови. Кина се соочува и со проблем со продажба на вакцини преку Интернет по три пати повисоки цени.

Експертите веруваа дека оваа година стапката ќе се зголеми двојно на четири проценти и тие соодветно ги удвоија дозите, но сепак во градовите како Пекинг има недостиг на вакцини.

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close