Дом и семејство

Свекрвата ни дојде на гости и ми донесе подарок- полудев од бес, никогаш не сум била волку навредена и понижена…

Една снаа се пожали на подарокот кој го добила од свекрвата...

Односот помеѓу свекрва и снаа обично е многу проблематичен. Кога снаите како една страна од таа врска добија шанса да проговорат и да ги откријат навредите нанесени од другата страна, ги добивме следните одговори.

фото илустрација

Една револтирана снаа реши на социјалната мрежа Редит да открие што и подарила нејзината сопруга за Нова Година. Имено таа подарокот го смета за навредлив и побара совет од останатите корсници:

фото илустрација

-Секоја година секој од нас добива подарок а оваа година добив подарок кој баш и не ни се допаѓа, и според мене е навредлив !

– Ова е толку навредливо што останав без зборови кога ја прочитав вулгарната порака на перницата која ми ја подари мојата свекрва! – пишува жената .

А подарокот е перница на која пишува „Се откажав од џогирање од здравствени причини: бутовите ми се тријат, а панталоните ми се залепија“.

– Свекрвата живее на неколку часа возење од нас и ретко патува, па ретко се гледаме, особено од почетокот на пандемијата. Пред пандемијата, се гледавме на секои неколку месеци. Таа дојде кај нас на ручек и јас го добив ова на подарок и ме обзема бес! Факт е дека порано многу џогирав и веќе не го правам тоа – вели жената која сподели фотографија од перницата на социјалните мрежи и ги замоли корисниците да проценат дали греши бидејќи е лута.

фото илустрација

– И треба да се лутиш! Требаше да го фрлиш во ѓубре пред неа!

– Ова е толку злобно и вулгарно! Не го чувај!

– Ова е најбизарната перница што сум ја видела! Зошто некој воопшто би помислил дека перницата е соодветно место за ваква порака? – пишуваат корисниците кои и порачуваат дека има целосно право да и се лути на свекрвата.

фото илустрација

Топ 12 навреди од свекрвата упатени на снаата…

Неколку жени споделија и свои искуства од навредите кои ги добиле од свекрвата…

1) Свекрвата објави видео за вежбање на својот фејсбук профил и ме означи мене и нејзината ќерка, и напиша: „Сега немаш оправдување да не вежбаш“.

фото илустрација

2) Секрвата ми рече: „Знам дека не сакаш деца, но веќе си навистина стара“. Инаку, немам ни 35 години.

3) Мојата сега бивша свекрва ме викаше по име на првата жена на маж ми првите три години.

4) Свекрва ми украде некои од нашите покани за свадба за да ги испрати на луѓе на кои немавме намера да им се јавиме. Сакавме мала свадба со луѓе кои ги познаваме и кои ни се драги. На крајот, половина од луѓето на нашата свадба не ги познававме.

фото илустрација

5) Свекрва ми ме праша дали мислам дека балерините се убави, јас одговорив дека се. Потоа ме праша дали некогаш сум вежбала балет. Реков не, а нејзиниот одговор беше: „Така и мислев, балерините многу добро се грижат за своето тело“.

6) Кога мојот вереник им кажа на родителите дека се венчаме, мајка му се разочара. Таа го праша дали навистина ќе се омажи за мене. Таа го праша дали ме сака повеќе од Ејми, прашувајќи се дали е сериозен. „Но, јас навистина ја сакав Ејми… ми недостига“, додаде таа. Ејми е поранешна девојка на мојот вереник, со која тој раскина пред шест години.

фото илустрацја

7) Мојата свекрва е многу негативна и гледа само лоши работи во сè. Кога доаѓа кај нас, секогаш само се жали. Во една прилика го посетивме Музејот на холокаустот, кој беше домаќин на изложба за нацистичката пропаганда. На излегување од музејот, кустосот не праша како ни се допаѓа изложбата, а таа одговори:

– Беше премногу депресивно. Мислам дека имаше премногу за Хитлер – рече свекрва ми.

8) Реков дека не сум љубител на фудбалот, на што свекрва ми рече дека само паметните луѓе го сакаат фудбалот.

фото илустрација

9) Мојата свекрва ме мрази толку многу што не сака да признае дека постојам. Единствената предност е што не морам да ги слушам нејзините навреди.

10) Првото нешто што ми кажа свекрва ми кога останавме сами беше: „Изненадена сум што не си црвенокоса, син ми се заљубува во црвенокосите жени“ Не ѝ реков ништо„.

11) Мојата свекрва ме нарече ку*ва откако дозна дека живеам со нејзиниот син. Јас и тој се забавуваме од средно училиште и бевме во врска шест години пред да почнеме да живееме заедно. Нејзиниот однос кон мене сега е малку подобар бидејќи јас и мојот сопруг имаме дете.

фото илустрација

12) Мојата свекрва му препорача на мојот сега поранешен сопруг да се пријави на шоу за состаноци со партнери. Седнав до неа и реков: „Но, тој е веќе оженет“. Таа додаде: „Па, можеби ќе запознае некоја нова“. Ја мразам таа жена.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close