Кафе муабет

Сара Џесика Паркер го покажа синот- девојките го обожуваат, Џејмс порасна во вистински заводник!

Сите ја препознаваат по улогата на Кери Бредшо, од култната серија Секот и Градот.

Важи за исклучително елегантна дама, со префинет вкус, со витко мускулесто тело, и секогаш изгледа убаво и средено.

Сара Џесика Паркер е во брак со Метју Бродерик со кои има и три деца, а нејзиниот најголем син, Џејмс неодамна го прослави полнолетството.

 

По тој повот актерката реши со јавноста да сподели фотографии од нејзиниот син, а воедно и да се присети на неколку убави моменти кои го одбележаа неговото растење.

Foto Instagram / SarrahjessicaParker

 

Фотографиите кои таа ги сподели покажуваат како Џејмс пораснал опкружен со љубов.

 

foto Instagram/ James Wilkie

– Се восхитувам на годините што поминаа, а истовремено и на тоа во какво младо момче порасна. Додека чекориш во иднината, јас останувам твој привилегиран набљудувач со нетрпение очекувајќи ги годините што доаѓаат. Му посакувам среќен роденден на мојот син, кој може да гласа за прв пат. Те сакам. Мама – напиша, Сара во чест на роденденот на Џејмс.

 

 

Џејсон е роден во 2002 година. По неговото раѓање актерката долги години се обидувше да добие второ дете, и на крајот донесе одлука да го прошири семејството со помош на сурогат мајка. Нејзината одлука беше остро критикувана од јавноста.

foto Instagram/ James Wilkie

 

Близначките Марион Лорет и Табита Хоџ, кои ги роди сурогат мајката сега имаат единаесет години и, исто како и нивниот брат, растат далеку од очите на јавноста.

foto Instagram

 

Актерката еднаш зборуваше за желбата да го прошири својот петчлен тим, не исклучувајќи ја можноста тоа да се случи со посвојување.

Foto Crnobelo.mk

Од фотографиите кои папараците успеваат да ги направат додека актерката е на прошетка со преслатките девојчиња, може да се забележи дека и тие како и мама секогаш се модерно облечени.

 

foto Crnobelo.mk

 

Инаку актерката често пати знае да сподели фотографија со која ќе ги изненади фановите, па така често и добива коментари дека е супер мајка и домаќинка.

Foto Instagram / SarrahjessicaParker

 

„Тоа значи мајка!“, „Мајките секогаш можат се и ништо не им е тешко“ се само дел од коментарите на воодушевените обожавателки на Сара Џесика Паркер кои се препознаа во нејзината фотографија.

Познатата актерка Сара Џесика Паркер сега е сопственик на голем број свои бутици низ Америка и  успешно работи и на својот бренд за обувки SJP by Sarah Jessica Parker.

 

Foto Instagram / SarrahjessicaParker

Нејзините модели се идеални за сите пригоди, со акцент на елеганција, какви најчесто носеше и Кери Бредшо во популарната серија „Сесот и градот“.

Инаку актерката неодамна искрено проговори за улогата во оваа серија, и рече дека иако се стекнала со голема слава, сепак тоа и направило многу проблеми.

– Лекарот ми рече дека моето стапало прави работи што не треба, и дека не ми се сите коски на свое место. Тоа си го „направи“ себе си по години носејќи модерни чевли на снимањето на серијата. Сега ќе морам со вежби и терапија да го коригирам она што си направив – рече Сара, нагласувајќи дека Кери Бредшо „и го загорчила животот“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close