Кафе муабет
Сакате да привлечете пари во домот? Фенг шуи совети- купете ја оваа фигура и ќе се збогатите преку ноќ
Внимавајте каде ќе ја поставите...
Доколку сакате да привлечете пари во вашиот дом мора да почнете со неколку промени, но најпрво започнете од домот.
Според фенг шуи, фигурата на жабата, која е позната како кинеска жаба за пари или жаба на среќата е онаа која ви е потребна во домот.
Се верува дека привлекува пари, изобилство и просперитет во домот.
Иако постојат повеќе видови на оваа фигура, се верува дека најмногу пари привлекува жабата со три нозе која држи паричка во устата, бидејќи според легендата оваа жаба скока низ домот и внесува парична енергија на секој агол.
Поради својата енергија за привлекување пари, многу луѓе одлучуваат да ја постават фигурата на жабата во канцеларијата.
Според Фенг шуи не е важно „само“ да ја купите фигурата на жаба, туку и да ја поставите на место што е во согласност со правилата.
Имајте на ум дека доколку ја поставите на погрешно место според фенг шуи, можете само да привлечете негативна енергија и да ги одвратите парите од вас.
Ако сакате да привлечете пари во вашиот живот и дом, поставете ја фигурата на жаба:
така што главата ќе и биде свртена навнатре.
Жабата треба да биде поставена во близина на влезна врата, ако сакате напредок во работата, поставете ја во северниот дел од дневната соба.
Жабата има најдобар ефект ако ја чувате во дневната соба. Според фенг шуи, најдоброто катче за фигура на жаба е југоисточниот дел од куќата или станот.
Треба да знаете и дека фигурата на жабата не треба да гледа кон излезот, бидејќи на тој начин одбивате пари од куќата. Не ја ставајте во спалната, бањата или кујната, никогаш не ја ставајте на подот и на или под прозорец.
Исто така според концептот на фенг шуи, секој предмет носи одредена симболика, па доколку сакате да ја подобрите финансиската состојба важна е бојата, но и материјалот на паричникот што го купувате.
Паричникот што го користите мора да биде само ваш и се препорачува никогаш да не купувате користен паричник затоа што не знаете каква енергија поседувала личноста која претходно го носела.
Исто така, паричникот најдобро е сами да го купите, а ако некој ви го даде, важно е да не е празен. Никогаш не купувајте паричник од вистинска кожа бидејќи ќе внесе негативност во вашиот живот, велат експертите за фенг шуи.
За да привлечете пари, важно е често да го отворате паричникот, а можете да го чувате во спалната соба или на работната маса.
Никогаш не носете сметки во вашиот паричник, дури ни оние што сте ги платиле бидејќи тоа ја влече енергијата на трошењето во вашиот живот и постојано ќе треба да давате пари за нешто. Во паричникот има место само за пари и банкарски картички.
Експертите од оваа област предупредуваат дека е добро секогаш да имате повеќе пари во паричникот отколку што ви требаат, бидејќи тоа бара добра финансиска состојба. Погрижете се банкнотите да бидат секогаш убаво наредени, а не стуткани.
Се препорачува да изберете црни и зелени паричници бидејќи носат успех и напредок.