MAMA

РУСКИТЕ ДОКТОРИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Оваа категорија на пациенти развиваaт ПОСЕРИОЗНА форма на корона!

Колку е постаро едно лице, толку посериозна форма на КОВИД-19 ќе биде

Студиите покажаа дека пациентите кои имаат висок крвен притисок развиваат посериозни форми на КОВИД-19, пренесува агенцијата ТАС.

Водечкиот руски кардиолог Сергеј Боицов наведува дека околу 40 проценти од возрасната популација страда од хипертензија и дека со возраста се зголемува можноста за висок крвен притисок.

Колку е постаро едно лице, толку посериозна форма на КОВИД-19 ќе биде, особено ако страда од хипертензија, посочува рускиот кардиолог и забележува дека хипертензијата е фактор што, без оглед на возраста, го комплицира текот на болеста.

Во Русија, потврдени се 1.109.595 случаи на инфекција со коронавирус од почетокот на пандемијата, од кои 911.973 пациенти и 19 489 го изгубиле животот.

Цената на руската вакцина противкоронавирус за меѓународниот пазар ќе биде најмалку 10 долари за двете дози, рече претседавачот на бордот на директори на компанијата Р-Фарм Алексеј Репил.

Според нашита проценки, цената ќе биде најмалку 10 долари за две дози, за изворниот пазар“, рече тој за ТВ канал Русија-24, наведувајќи дека првите серии веројатно ќе бидат скапи.

Вакцината ќе стане поевтина кога нејзиниот производство ќе достигне доволен индустриски обем, рече Репик, пренесува ТАСС.

Русија е прва земјка која ја регистираше вакцината против коронавирусот која се вика Спутиник V.
Русија планира да направи пет милиони дози вакцини против коронавирус месечно во декември и јануари, рече денеска директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и макробиологија „Гамалеја“, Александар Гинтсбург.

– Според планот, се очекува компаниите да го достигнат својот капацитет во декември или јануари. Капациетот треба да биде околу 5 милиони дози вакцини месечно, можеби и повеќе – рече Гинтсбург пред новинарите.

Една од ќерките на Путин прими вакцина за корона

Познато е дека Путин од првиот брак со Људмила, со која беше 30 години, доби ќерките Марија и Катерина.

Марија е родена во 1985 година, во Ленинград (денешен Санкт Петерсбург), а Катерина година дена подоцна во Германија, каде Путин работеше за КГБ, пишува „Business Insider“.Људмила во една прилика изјави дека Путин ги разгалил своите ќерки и дека таа е онаа што мора да биде строг родител.Марија (35) заврши медицина. Таа денес живее во Москва со сопругот, и наводно има и дете.

Коронавирусот се прилагодува на човекот – неговата способност да предизвика болест се намалува, но до сезонски пораст на бројот на заболени веројатно ќе дојде во ноември – декември, изјави главниот епидемиолог на Министерството за здравство на Русија Николај Брико.

– Кружејќи меѓу населението, вирусот сепак се прилагодува на човекот и ја намалува својата вирулентност. Најголема опасност претставуваат вирусите кои повторно се појавија. Тие ќе се појавуваат, нема сомнеж. Секоја година гледаме една или две заразни болести, рече Брико на конференција за новинари.

Според неговите зборови, сезонскиот пораст на заболените од ковид-19, судејќи по сѐ, ќе се случи во периодот ноември – декември, но нема многу да биде изразен.

Водечкиот руски епидемиолог исто така вели дека сѐ уште не е време да се зборува за крај на бранот коронавирус, дека епидемиолошкиот процес се равива но руското министерство е подготвено, поради што може да размислува позитивно за во иднина.

Во врска со тоа, додаде дека може да се очекува сезонски пораст на заболувањата, но не и бран со иста јачина каков што беше.

– Нашето здравство е подготвено, така што оптимистички гледаме во иднината, истакна Брико.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close