Кафе муабет
Роднина на инфлуенсерката што почина во Африка ОТКРИ ШТО ТОЧНО СЕ СЛУЧИЛО – Таа се плашеше од животот
Што се случувало со девојката...
Смртта на младата инфлуенсерка и светски позната мејк-ап артистка од Македонија Маја Миа Јанеска направи бум во јавноста.
Фото:Инстаграм/ Маја Миа Ј
Маја беше светски позната шминкерка со милиони следбеници на социјалните мрежи, а беше во врска со познатиот музичар Оми Димпоз. Нејзиното момче преку Инстаграм се прости од неа, а веста први ја објавија медиумите во Јужна Африка каде што Маја живееше и работеше веќе со години.
Фото:Инстаграм/ Маја Миа Ј
„Почивај во мир љубов“- пишува во објавата на познатиот музичар на социјалните мрежи.
Фото/Принтскрин
Полицијата за „News24“ изјави дека отворила увид во врска со смртта на Јанеска, што значи, во оваа фаза, дека тоа не се третира како сомнително од органите на прогонот. Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во „Bassonia Estate“. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Брзата помош констатирала смрт“, изјави портпаролот на полицијата, потполковник Мавела Масондо.
Фото:Инстаграм/ Маја Миа Ј
Шокантаната смрт на популарната македонската инфлуенсерка на Инстаграм, чии 1,2 милиони следбеници вклучуваа и познати личности, го остави во тага нејзиното семејство во земјава, како и нејзините пријатели во Јужна Африка.
Фото:Инстаграм/ Маја Миа Ј
Роднина, кој побара да остане анонимен, изјави за „News24“ дека семејството е во „апсолутен шок“ од катастрофалните вести.
Фото:Инстаграм/ Маја Миа Ј
„Нашите телефони не престанаа да ѕвонат; сето ова е ново за нас. Ние сме во Европа, а рацете ни се врзани затоа што не можеме да дојдеме во Јужна Африка поради проблеми со визите. Маја лежи таму во некоја мртовечница и немаме поим што всушност се случува“, додаде роднината.
Фото:Инстаграм/ Маја Миа Ј
Според нејзиниот роднина, семејството на Јанеска дознало за нејзината смрт преку еден од поранешните соработници на Филипс, кој им се јавил да им каже дека нејзиното тело е пронајдено, а дека самоубиството е сомнителна причина за нејзината смрт.
Фото:Инстаграм/ Маја Миа Ј
„Таа понекогаш се плашеше за својот живот. Нејзиното момче имаше мажи кои работеа за него, а таа се плашеше и од нив. Срцето ни е скршено и сериозно не знаеме што да правиме” – изјавил тој.
Фото:Инстаграм/ Маја Миа Ј
Инаку, младата девојка неодамна беше во центарот на вниманието во нашата јавност откако заеднички фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешниработи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.
Фото:Инстаграм/ Маја Миа Ј
Фото:Инстаграм/ Маја Миа Ј