Дом и семејство
Родила близнаци а кога ги видела се ШОКИРАЛА: Докторите не верувале на очите- никој не можел да објасни зошто едното дете изгледа вака!
Дејвид има албинизам...
Приказната за близнаците Даниел и Дејвид од Нигерија за кратко време стана вирална и сето тоа поради тоа што иако се еднојајчени тие воопшто не си личат.
Ако мислевте дека станува збор за двојајчени близнаци, сте се излажале – нивните родители тврдат дека биолошки се речиси идентични.
Работата е во тоа што Даниел е црн со темна коса, а Дејвид има исклучително бледа кожа и плава коса – затоа што е роден како албино. Нивната мајка Стејси неодамна ја сподели својата приказна со јавноста и истакна дека како и сите така и таа била изненадена кога ги видела децата по породувањето.
„Не знаевме за ова кога бев бремена, па беше големо изненадување и неверојатен момент кога првиот близнак излезе со црна коса, а вториот со плава коса. Лекарите на прегледите ми кажаа дека сум бремена со целосно идентични близнаци“, започна таа.
Излегува дека Дејвид има албинизам – ретка генетска состојба која се појавува кај еден од 20.000 луѓе. Интересно е што Нигерија, каде што се родени овие момчиња, има највисока стапка на оваа состојба во светот, но сепак тоа е многу ретка појава.
Шокиран бил и таткото на момчињата, а Стејси раскажува како медицинските сестри трчале да го видат малиот Дејвид.
“Нивниот татко беше шокиран и веднаш го нарече Дејвид “Златен”. Беше пресреќен кога ги виде. Стоеше таму повеќе од 10 минути зјапајќи во нив и рече дека тие се неговиот најголем подарок досега”, додаде таа.
Благодарение на нивниот необичен изглед и таа симпатична разлика која ги прави единствени, овие момчиња набрзо станаа популарни на Инстаграм, каде што ги следат повеќе од 20 илјади луѓе. Стејси редовно објавува прекрасни фотографии и видеа од своите малечки.
„Ние им отворивме Инстаграм, бидејќи веруваме дека имаат приказна што луѓето треба да ја слушнат и која ќе ја промени свеста кај сите“, вели Стејси и додава дека се почесто добива понуди за соработка од различни брендови.
Таа признава дека во неколку наврати наишла на непријатни ситуации, како тоа дека понекогаш луѓето ја запираат на улица и прашуваат „кое дете е нејзино“:
„До такви разговори секогаш доашаме кога излегуваме. Луѓето се љубопитни, сакаат да знаат како се случило.
Оваа мајка исто така истакнува дека момчињата имаат многу разлики кои немаат врска со нивниот изглед:
„Даниел е поизразен, додека Дејвид е поголем набљудувач. И двајцата се многу љубопитни и енергични, но Даниел е исклучително разигран , а Дејвид е таков одвреме навреме“.