Бебе

РЕШЕНА МИСТЕРИЈА! Еве КОЛКУ вода треба да пијат децата на ДЕН!

Ако вашето дете не добие доволно течности, тоа може да има значителни здравствени последици

Според истражувањата на британските научници, едногодишно дете треба да пие литар течност во текот на денот, а децата од четири до осум години литар ипол вода.

Ако вашето дете не добие доволно течности, тоа може да има значителни здравствени последици. Имено, децата имаат повеќе вода во своето тело од возрасните, но исто така ја губат побрзо од возрасните. Ова значи дека недостатокот на вода влијае на менталниот развој на децата и нивната способност да учат.

Затоа, ако детето е изложено на краткотрајна дехидрација, може да се појават болки во стомакот, сува кашлица и ризик од развој на забна болест. Продолжената изложеност на дехидрација може да доведе до инфекции на бубрезите и уринарниот тракт. Многу студии покажаа дека внесот на вода има непосредно ревитализирачко дејство.

Неодамнешните истражувања спроведени од британски научници покажаа дека едно дете, ако внесува доволно вода, е посмирено, порелаксирано и има подобра концентрација.Таквите деца ретко паѓаат во летаргија, немаат главоболки и многу подобро ги извршуваат задачите.

Топла вода – лек за многу болести

Докажано е дека недостатокот на вода во организмот е причина за многу болести.
Традиционалната медицина препорачува неколку чаши топла вода и тоа веднаш по будењето, дури и пред миењето на лицето и забите. Таа го чисти стомакот и го буди дигестивнот тракт.

Јапонците сметаат дека утрото е најважно за здравјето, па добрите утрински навики спречуваат многу болести. Пиењето топла вода за нив е императив, затоа што го чисти и го испирира целиот организам.
Топлата вода како превентива

Јапонската традиционална медицина препорачува уште веднаш по будењето да испиете 6 децилитри топла вода, на празен стомак. После тоа 45 минути не треба да јадете ништо, а најдобро би било да не јадете и 2 часа.

Пиењето какви било течности за време на јадењето и после него, не е препорачливо. Количината топла вода полека зголемувајте ја во текот на денот, така што ќе достигнете најмалку 2,5 литри дневно (за возрасни). Според нив, на овој начин ќе имате повеќе енергија, а помалку килограми

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close