Кафе муабет
,,РАСТИ БЕЗГРИЖНО И СПОКОЈНО ГУШТЕРЧЕ МОЕ’’ – Помалото синче на пејачката Андријана Јаневска слевеше роденден
Убав повод за славење во домот на Андријана Јаневска...
Андријана Јаневска својата музичка кариера ја започна додека беше релативно млада.
Фото:Инстаграм/Андријана Јаневска
Заедно со Тоше Проески и Каролина Гочева ја освојуваше Македонија, а нејзините хитови се паметат до ден денес.
Фото:Инстаграм/Андријана Јаневска
Денес таа е прва виолина во Македонската опера и балет, доцент на Факултетот по музичка уметност, а предава и во своето музичко училиште.
Фото:Инстаграм/Андријана Јаневска
Освен што може да се пофали со богата кариера, таа е и посветена мајка и сопруга.
Фото:Инстаграм/Андријана Јаневска
Од 2009 година е во брак со познатиот македонски гитарист, Драган Гиновски Гино. Тие двајца се сопствении на музичкот студио Гиновски.
Фото:Инстаграм/Андријана Јаневска
Плод на нивната љубов се нивните синови Димитар и Кристијан.
Деновиве, помалиот син на пејачката Кристијан го прослави својот 8-ми роденден.
Фото:Инстаграм/Андријана Јаневска
,,Расти безгрижно и спокојно, гуштерче мое’’. Среќна 8-ка Кристијан – напиша Јаневска во честитката на Фејсбук.
А потоа објави фотографија од многу детски рачно напишани роденденски честитки па во описот напиша:
Фото:Инстаграм/Андријана Јаневска
,,Ранецот на Кристијан му беше полн со роденденски честитки од училишните другари. Нема поубав подарок’’.
Андријана е доста активна на социјалните мрежи, па често на фотографиите може да се види и нејзиниот дом.
Фото:Инстаграм/Андријана Јаневска
Во нашето маало има многу дечиња, па моите два сина живеат маалски живот, каков што живеев и јас. А сега, гледајќи ги, повторно се чувствувам како дете“, раскажа Андријана во едно свое интервју.
Фото:Инстаграм/Андријана Јаневска
Мора да се признае дека дворот е мал рај во кој би сакал секој да ужива, а пејачката и нејзиното семејство се погрижиле да имаат доволно зеленило кое е спас од секојдневното сивило.
Фото:Инстаграм/Андријана Јаневска