UncategorizedКафе муабет

Работи кои никогаш не смеете да им ги кажете на Скорпиите!

Скорпиите имаат способност да прават се што е потребно, но на свој начин...

Ноември е месецот на Скорпијата, најсексипилниот и најмистериозниот од 12-те знаци на зодијакот.
Жените роден во овој знак се егзотични, привлечни, директни, бестрашни, тврдоглави… Ги краси извонредна интуиција и знаат како да ја надминат секоја препрека во животот.

фото илустрација

Овие дами се самоуверени, снаодливи и силни. Знаат дека патот до успехот е тежок, но не бегаат од напорна работа, ќе направат се за да успеат. Сепак, има некои работи што не треба да ги кажете доколку не сакате да ги навредите.

Фото Илустрација

Скорпиите не поднесуваат кога некој ги лаже. Исто така, лажењето на другите го сметаат за губење време. За нив се неподносливи ситуациите во кои треба да лажат (што ќе го направат само ако се грижат за некого многу, многу). Кога ќе фатат некого во лага, веднаш ќе се обидат да ја откријат вистината, бидејќи веруваат дека една лага води кон друга лага. Затоа, ако ја обвините Скорпијата дека лаже, таа веројатно добро ќе размисли зошто ве пуштила да влезете во нејзиниот живот.

Фото Илустрација

Ако и кажете на Скорпијата дека немате целосна доверба во неа ќе ја повредите нејзината гордост, принципи и чест. Скорпиите се лојални и заштитнички луѓе кога станува збор за оние за кои се грижат. Тие го очекуваат истото за возврат, а прашањето дали можете да им верувате го сметаат за излишно и несоодветно.

фото илустрација

Штом ја слушнат реченицата „Верувај ми“, Скорпиите ги палат своите специјални антени. Не им е доволно само да кажат „Верувај ми“. Скорпиите треба да знаат сè, треба да бидат добро информирани, а потоа тие се оние кои ќе одлучат дали ќе ви веруваат или не.

фото илустрација

Никој не замерува како Скорпиите. Затоа им е тешко да заборават или да простат. Ако сте направиле нешто поради што Шкорпијата повеќе не ви верува, ќе направи се за да ви се одмазди. Таа ќе чека онолку колку што е потребно за да го направи она што го замислила.

фото илустрација

Интимните односи на Скорпијата се многу важни. Таа ги гледа како форма на уметност чија вредност не смее да се намалува. Покрај тоа, интимните односи внесуваат забава во нивните животи без која не можат и не сакаат.

фото илустрација

Скорпиите имаат способност да прават се што е потребно, но на свој начин. И не сакаат другите да се мешаат во начинот на кој тие ќе прават нешто. Тие се перфекционисти, но посебен вид на перфекционисти. Важно им е да го направат тоа што е потребно и важно им е да го прават исклучиво онака како што замислиле без сугестии.

фото илустрација

Скорпиите се страствени за работите за кои се грижат. Страста е нивниот нагон и максимално се посветени на сè што сакаат, вклучително и на нивното хоби. Тоа не значи дека тие помалку се грижат за вас отколку за своето хоби – тоа само значи дека пристапуваат на сè подеднакво фокусирано.

фото илустрација

Па затоа бидете внимателни, реченици како овие ќе ги исфрлат од колосек затоа што не сакаат да бидат контролирани или да се обидуваат да се променат.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close