Кафе муабет
Работеше во продавница за спортска облека, земаше плата 300 евра: Синот на Злата Петровиќ сега ги изненади сите, нема да верувате што работи
Одлично се снашол во телевизија...
Синот на пејачката Злата Петровиќ, Јован Пејиќ јавноста го запозна откако се дозна дека работи во продавница за спортска облека.
Но сега тоа е минато, па Јован почна да работи на телевизија.
Јован рано се осамостои па така одамна самиот заработува а сега реши да се вработи во „Инста ТВ“ и да проба нова професија.
– Јован е вреден тип. Никогаш не му било проблем да работи, ниту сега. Не сака родителите да го издржуваат. А работата на телевизија е нов предизвик за него – изјави извор близок до Пејиќ.
Синот на Злата ги потврди овие сознанија и истакна дека е воодушевен од новата работа.
– Вистина е, навистина сум задоволен. Имам одлични колеги. Има многу убава енергија во насока. Работам како организатор, односно ги организирам сите настани поврзани со „Првиот бенд на Србија“. Одлично се снајдов – изјави Пејиќ.
Малкумина знаат дека пејачката Злата Петровиќ има два сина, Мики кои го доби во бракот со пејачот Хасан Дудиќ и Јован од бракот со водителот Зоран Пејиќ Пеја.
Пејачката секогаш истакнува дека е горда што ги одвела синовите на вистинскиот пат и често зборува за тоа како нејзиниот помал син Јован работи во продавница во трговски центар.
– Многу сум гордa токму затоа што тој е сличен на мене и на татко мu. Ние сме многу скромни луѓе, никогаш не покажуваме што имаме или немаме – рече таа и додаде:
– Ако не ги гледате мојата душа и срце, сè друго е ирелевантно. Убаво е што, иако заработуваме добро, во ниту еден момент моите синови не сакаа да зборуваат за тоа чии се.
Злата не крие дека често го повикува постариот син да оди на настапи со неа, бидејќи тој е музичар, но тој не сака, за луѓето да не помислат дека тој успеал поради неговата мајка.
– Тие не се од тој филм едноставно и драго ми е, бидејќи тие се борат за својата иднина како личности и многу ми е драго за тоа – посочи Петровиќ за „Гранд“.
Синот на Злата Петровиќ и Зоран Пејиќ Пеја, работеше во продавница за спортска опрема на познат бренд.
Јован Пејиќ неколку години беше на оваа позиција и работеше за плата помала од 300 евра иако неговите родители се познати и богати.
Злата и Пеја заработуваат по десетици илјади евра, и тоа најмногу од ромски веселби, но нивниот син е скромно момче кое покрај тоа што е студент на менаџмент, успеа да пронајде и постојана работа. Тој е добар студент и дете за пример, велат неговите познати родители.
Познатата фолкерка вели дека сам заработил пари за да купи автомобил и дека е многу одговорен, што и не ја чуди бидејќи и таа и нејзиниот сопруг се одговорни и вредни луѓе. Од друга страна, и нејзиниот сопруг со гордост зборува за него, истакнувајќи дека Јован е дете за пример и преставува совршен доказ дека и децата на познатите можат да бидат „нормални“, „без да се фатат за лошо друштво и да тргнат во некој погрешен правец“.