Кафе муабет
ПРОСЛАВА ВО КУЌАТА НА САША ЈОКСИМОВИЌ! Братот на познатиот пејач објави среќни вести-ЧЕСТИТКИТЕ НЕ ПРЕСТАНУВААТ (ФОТО)
Синот наполни години...
Саша Јоксимовиќ има многу причини за славење. Бизнисот цвета, работи од утро до вечер, снима популарна серија, игра во театар… И секогаш, без разлика на обврските, наоѓа време за синот Илија.
Момчето само што го прослави роденденот, а гордиот татко испрати емотивна честитка преку Инстаграм.
– Најубавиот и најдобар син, среќен тринаесетти роденден – напиша и ја дополни објавата со еден куп емотикони со срциња.
Во неодамнешното интервју за Hello, популарниот актер откри дека е на нозе од рано зори, поради работа, а кога ќе се врати дома, го носи Илија на тренинг.
– Тој е одличен фудбалер, дозволете ми да го пофалам.
За потсетување, неодамна веста дека по 20 години брак се разведува Саша Јоксимовиќ ја разбранува јавноста.
Најчудно е тоа што актерот и неговата избраничка, продуцентката Невена Ранковиќ Јоксимовиќ, важеа за хармоничен пар.
Изјавата дека Саша и Невена повеќе не се заедно дојде по скокотливата објава на актерот на „Инстаграм“.
Имено, тој игра во серијата „Игра на судбината“, а на својот профил објави фотографија со непозната девојка, а подолу напиша „Конечно слободен“, што ја скокотка фантазијата на фановите и предизвика сомнеж дека тој се разведува. Актерот не сакал за медиумите да ја коментира оваа вест а тоа уште повеќе ги подгреа сомнежите дека веста за разводот е вистина.
Бидејќи братот на Жељко Јоксимовиќ често е отсутен од дома, поради неговиот ангажман можно е тоа да биде една од причините, бидејќи далечината може да доведе до заладување во врската. Втората претпоставка се заснова на претходните изјави на Невена во врска со семејството на Саша.
Имено, продуцентката еднаш во една емисија изјавила дека нема помош од родителите на актерот, додека нејзината мајка и татко се секогаш тука за да и помогнат околу сите обврски.
– Родителите на Саша мислат дека кога ни треба помош за куќата и детето, ми помагаат мене- изјави тогаш Невена, која во една прилика откри дека не е во добри односи со братот на нејзиниот сопруг, ниту со неговата сопруга Јована Јоксимовиќ.
Сето наведено може да биде причина за кавга, па дури и пропаѓањето на бракот.
За потсетување, во една прилика Саша за магазинот Glory.rs призна дека денес тешко би нашол партнерка како неа и кога би бил слободен, но и дека со својата сопруга имаат договор на секои 10 години да прават свадба.
„И кога би бил слободен човек, не знам дали би се снашол да најдам девојка. Невена и јас сме генерација кога се уште се веруваше во љубов и немаше силикони, старлети и ријалити, како ни Фејсбук ни Инстаграм. Се свршивме во лето, и беше толку убаво што се договоривме на секои десет години да правиме свадба“ изјави тој.
Невена во заедничкото интервју истакна дека во љубовта е најважна почитта меѓу партнерите.
„Без него не можете ни кафе да испиете. Но важно е и тоа да ви биде интересно со вашиот партнер. Саша и јас можеме дваесет дена да бидеме затворени некаде заедно и повторно нема да ни биде досадно“, раскажува таа.
Невена покрај продукција има завршено и Филолошки факултет, каде студирала на отсек германски јазик. Многумина ја фалат бидејќи секогаш е дотерана и е вистински пример како денешна жена може да биде посветена мајка, сопруга за пример, а воедно и успешна деловна жена.