Кафе муабет

Проговорија најблиските соседи на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ- еве што виделе!

Не слушнале никаква расправија...

Пејачката Јелена Карлеуша на Божиќ го пријавила сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство. Во разговор за Блиц, најблиските соседи на естрадната двојка истакнуваат дека не слушнале ништо кога поминувале пред нивната вила.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Апсолутно ништо не слушнавме, само во еден момент видовме полиција пред нивната куќа, братот на Јелена, Марко и нејзината тетка излегуваа од дворот. Душко ретко доаѓа, постојано патува и поголемиот дел од времето го поминува со ќерките кога тој е во Белград. А кога ќе ги сретнеме, секогаш пријатно не поздравуваат, изјавија соседите за Блиц.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Да потсетиме, Карлеуша по конфликтот одби лекарска помош, а не сакаше ниту да поднесе жалба против Душко, кому му беше забрането да и се приближува на сопругата.

Кој бил поттикот за бурна и експлозивна расправија се уште не се знае.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Инаку фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ вчера се огласи откако во јавноста на големо се пишуваше за насилството врз неговата сопруга Јелена Карлеуша која го пријавила во полиција за семејно насилство.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

– Почитувани, придружници, пријатели и членови на медиумите. Обично не сакам вака да ви се обраќам бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се поврзани исклучиво со спортската приказна и добрите хуманитарни дела. Го следев она што повеќето медиуми го објавуваат последните денови и затоа сум принуден вака да да се обратам – започна Тошиќ и продолжи:

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

– Како што знаете и гледате, секаде сум претставен како насилник и во секој наслов јас сум лошата страна. Јас сум првиот од оние кои не поддржуваат насилство и никогаш не сум го употребил. Затоа сакав да знаете дека воопшто не се пронаоѓам во тие наслови на весниците! Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен каде и да е и што и да прави. Затоа би сакал да знаете дека и овој пат ќе останам доследен на себе, ќе игнорирам измислици и ќе чекам да мине ветрот против мене.

Фото Инстаграм/ Душко Тошиќ

– Мислам и дека сите треба да ги пренасочиме мислите и енергијата кон нашиот најдобар спортист Новак Ѓоковиќ и да застанеме со него со сето срце! (Јас поминав низ слична ситуација во Кина). Ајде да бидеме со него! Па, среќни новогодишни и божиќни празници. Ви посакувам се најдобро! – заврши Тошиќ.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ
Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close