Кафе муабет
Пристигнува бебето! Познатите актери со нетрпение го очекуваат своето прво дете
Мексиканските актери со нетрпение го очекуваат своето прво дете
Една од најпознатите мексикански актерки со нетрпение ја чека наредната година, за да се оствари во улогата на мајка.
Фернанда Кастило, која се прослави со улогата на Луиза Барера во теленовелата „Тереза“ и нејзиниот долгогодишен партнер кој исто така е познат актер Ерик Хајзер ќе го добијат своето прво бебе.
На својот инстаграм профил таа го откри и полот на бебето.
Јас и мојот сопруг, и нашето момче!, напиша таа во описот на фотографијата.
https://www.instagram.com/p/CFzgbypFEYX/
Тие на почетокот од бременоста ја споделија убавата вест на социјалните мрежи, со прекрасна фотографија држејќи слика со ултразвук.
https://www.instagram.com/p/CEKGjWjlprU/?utm_source=ig_embed
„Ние сме тројца“, напишаа во описот.
Актерите се во врска шест години, а ова лето Ерик ја запроси Фернанда и, како што изјави, конечно го постави прашањето што толку нетрпеливо го чекаше.
„Многу сум возбудена од сè што не чека. Ова е најголемиот благослов. Ова навистина го посакувавме и го чекавме долго време “, напиша Фернанда, и доби многу честитки од своите фанови.
Фернанда и Ерик важат за пар кој ретко се појавува заедно во јавноста. Тие одвреме навреме објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, па така и сега ги израдуваа фановите со оваа новост.
Ерик моментално може да го видиме во серијата на Netflix, ‘Dark Desire’ по која светот буквално полуде. Тој откри дека со нетрпение очекува да се оствари во улогата на татко и дека конечно ќе одмори од снимањата, за да може да биде со своето синче.