Кафе муабет
Премногу млада се соочи со тешката болест: Еве како изгледа денес актерката од серијата Руби
Фановите велат дека никогаш не била поубава...
Мексиканските теленовели на крајот на деведесеттите и почетокот на 2000-тите беа многу популарни кај нас и привлекуваа големо внимание.
Една од таквите серии беше и Руби во која главниот лик го толкуваше фаталната Барбара Мори која никого не остави рамнодушен.
Барбара одлично се снајде во улогата а за многумина мислењето на протагонистката Руби беше на границата меѓу љубовта и омразата, меѓутоа, дека мексиканската убавица воопшто не наликува на хероината која ја прослави може да се заклучи по нејзиниот „Инстаграм“ профил.
Четириесет и четиригодишната Борбара Мори од серијата Руби денес е посветена сопруга, мајка и рано се остварила во улога на баба. Иако е баба таа изгледа неверојатно и во петтата деценија ги мами воздишките на машката популација со својата прекрасна енергија.
Вистинскиот живот, исто како и нејзиниот фиктивен, не ја разгалуваше. Актерката мина низ тешка битка со здравствените проблеми, на 30 години се соочи со ра.к на дојка, но за среќа успеа да ја победи опаката болест, иако борбата не беше воопшто лесна.
– Многу е тешко да се каже: ‘Да, имав ра.к’. Господ, поради некоја причина, ме стави на тест и успешно го поминав. Се борев со болеста, го победив ра.кот и продолжувам понатаму – изјави таа со насмевка за медиумите.
Што се однесува до љубовниот живот на Барбара, актерката беше во брак со Кенет Реј Сигман, американски бејзбол играч, но таа романса не траеше и по една година одлучија дека е време за развод.
Според пишувањата на медиумите, таа моментално е во врска со мексиканскиот режисер Фернандо Ровзар, кого го запознала во 2013 година, а покрај кого е среќна и исполнета како што може да се заклучи од нејзините фотографии на социјалните мрежи.
Имено фановите на Барбара се согласни дека таа изгледа подобро од кога и да било.