Кафе муабет

Пред да се ожени со Пријовиќ, Филип Живојиновиќ бил верен со оваа русокоса: Биле заљубени, планирале заедничка иднина но поради ова морале да се разделат

Денес Филип е во среќен брак со пејачката...

Денеска синот на Боба Живојиновиќ, Филип Живојиновиќ е во хармоничен брак со пејачката Александра Пријовиќ со која го има синот Александар но малкумина знаат дека пред сегашната сопруга тој бил во врска со позната актерка со која дури и како што се шпекулира бил верен.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Филип четири години беше во врска со актерката Маја Манџука.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Иако многумина помислуваа дека нивната љубовна врска ќе заврши со брак, сепак следуваше шок откако парот реши да стави крај на 4-годишната врска.

фото принтскрин

Синот на Боба Живојиновиќ и актерката се запознале во Белград, а потоа под ист покрив го продолжиле животот во Америка, каде што биле многу успешни и професионално задоволни. Јавноста ја интересираше, што тргна наопаку па тие решија да раскинат.

фото инстаграм/Филип Живојиновиќ

Маја остана во Америка, Филип се врати во Србија, но по неколку години, актерката конечно реши да прозбори за пропаднатата врска со најстариот син на Боба и стави крај на шпекулациите за нивната разделба.

фото инстаграм/Маја Манџука

Имено, таа се појави во емисијата „Премиера викенд специјал“ на телевизија Пинк, а причина за гостувањето беше промоцијата на нејзиниот нов филм „Повторно молња“.

фото инстаграм/Маја Манџука

Маја откри неколку детали за нејзиниот емотивен живот. На прашањето за Живојиновиќ, таа рече:

фото инстаграм/Маја Манџука

-Никогаш отворено не сум зборувала за мојот однос со Филип и се трудам да го задржам тоа. Навистина му посакувам се најдобро и тој е одлично момче. Во Америка бевме фокусирани еден на друг, но има многу работа, живееш за викенд – рече Маја и наведе многумина да помислат дека во трката за американскиот сон таа и нејзиниот избраник заборавиле еден на друг.

фото инстаграм/Маја Манџука

Од гледна точка на набљудувач, се чини дека раскинувањето дојде како олеснување и за двајцата. Филип среќата ја најде со пејачката Александра Пријовиќ, а Маја потоа се вери уште два пати.

фото инстаграм/Маја Манџука

Таа често пати истакнува дека не го нашла оној кој ќе ја убеди да продолжи по свршувачката и да оди до олтарот, а во исто време се споредува со Џулија Робертс во филмот „Невестата бегалка“.

фото инстаграм/Маја Манџука

-Три пати бев невеста бегалка, повеќе сакам да носам патики отколку штикли, но никогаш не се знае, можеби некој ќе ги украде тие патики. Засега сум среќна и исполнета. Ќе видиме дали ќе завршам со судбината на Џулија Робертс – рече таа а многумина се прашуваат која е вистинската причина поради која таа одбива да се мажи.

фото инстаграм/Филип Живојиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close