Кафе муабет
ПРВ ПАТ ГО ПОКАЖА ЈАВНО: Ова е синот на Драгана Мирковиќ- порасна во вистинско момче!
Пејачката го крие приватниот живот...
Пејачката Драгана Мирковиќ важи за една од оние јавни личности кои ретко говорат за својот приватен живот.
Нејзините деца ќерката Мануела и синот Марко, кои таа ги доби со нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ, живеат од самото раѓање во Австрија, па затоа многу малку се знае за нивните животи.
Пејачката ретко објавува фотографии од нив и ги држи подалеку од очите на јавноста, иако и тие самите никогаш не сакале да бидат дел од јавниот свет, а пејачката не ги принудила на тоа.
Сепак, овој пат Драгана направи исклучок, и сподели слика од нејзиниот наследник на својот Инстаграм.
Имено, таа имаше важна причина за тоа – Марко слави роденден, а славната мајка ја искористи приликата јавно да му честита.
– Мој најмил Марко, среќен ти 20-ти роденден, лаву мој – напишала пејачката во описот на фотографија, а она што многу се забележува е дека Марко израснал во вистинско момче.
Инаку пред извесно време и Драгана го прослави својот 53-ти роденден. Таа својот роденден го прослави во Виена, со своите најблиски, а за оваа прилика сјаеше во долг син елегантен фустан.
Пејачката ја покажа својата роденденска торта на два спрата, која беше во нежна сина боја. Украсена е со златни и сребрени детало, како и со циркони. На врвот на тортата беа иницијалите на Драгана во златна боја.
– Денес е мој роденден и имам право да посакам желба. Сакам да ни се врати стариот живот, децата повторно да имаат детсво без маски, да се гушкаат луѓето и да се бакнуваат, сакам…сакам повторно да живееме, напишала пејачката.
Ниту родената сестра не ја покажува во јавноста
Драгана Мирковиќ секогаш зборувала колку семејството е важно во животот, а икако со својот сопруг Тони и децата Марко и Мануела изгради живот како од бајките во Австрија, своите домашни не ги заборавила.
Таа оттсекогаш зборува колку ги сака родителите, но и родената сестра Душица Крумов.
Инку, како што се пишувало во минатото, Душица на Драгана и е десна рака со оглед на тоа дека пејачката држи телевизија па сите важни работи кога Драгaна или нејзиниот сопруг не се во можност таа ги обавува.
За потсетување, Драгана Мирковиќ како дете имала големи здраствени проблеми, пејачката за своето семејство вели дека тогаш сите биле очајни за нејзината состојба.
-Имав една година кога забележале дека имам исчашени колкови. Во тоа време тоа беше голем проблем. Бев пред операција од која не се очекуваше успех.
Децата со таков проблем се очекува да останат со една пократка нога.