Кафе муабет
Прв Божиќ заедно Васил сподели интимни фотографии- еве како прославија со својот партнер, за овој детал сите зборуваат
Направија пижама забава..
Македонскиот баритон Васил Гарванлиев веќе извесен период живее во Чикаго. Тој вчера на својот Фејбук профил објави фотографии и покажа како го поминал овој Божиќ.
Имено судејќи според насмевката на неговото лице Васил е и повеќе од среќен во присуство на својот партнер Џејсон и пријателите.
Васил откри дека организирале пижама забава а тоа го сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи.
Ова е прва година Васил и Џејсон да го прослават Божиќ заедно откако ја официјализираа врската. Тој со една фотографија која ја сподели откри дека се вериле а малку подоцна почна да се шпекулира дека се венчале.
-Совршен почеток на крајот на годината заокружувајќи неверојатна година. Љубов. Смеа. Семејство. Музика. Радост. Ви посакувам на сите здрави празници и нова година, напиша Васил во описот на фотографиите..
Македонскиот пејач кој постигна неверојатен успех во Америка не крие дека е многу среќен покрај својот избраник.
Васил неодамна во интервју за Женски Магазин откри дека откако се заљубил во Џејсон кој е американски невропсихолог, решил да остане во Чикаго.
-Дојдов со намера да снимам албум, љубовта тропна на вратата, и сега секое утро се будам во Чикаго насмеан и опкружен со три весели кучиња. Главни ангажмани пред да почнам со настапи ми се часовите по пеење со професор од Париз, конечно помагам на млади таленти со многу потенцијал дури и една две од Македонија – како вокал „коуч“, и ги спремам проектите за следните 3-5 години.
За партнерот Џејсон во интервју за Женски магазин истакна дека е пред се скромна личност и успешен невропсихолог.
Она што особено ја интересира јавноста е тоа како семејството на Васил го прифати неговото момче, Џејсон и како тие реагирале на нивната љубовна приказна и одлуката тој да остане во Америка.
За споменатиот медиум, Васил откри дека неговата мајка пред извесно време била во посета и цели две недели поминала во нивниот дом па така имала и можност да го запознае Џејсон.
– Поминавме прекрасни две недели заедно тука во нашиот дом. Последната реченица ѝ беше: „Заминувам полна, среќна, и мирна зошто ја живееш бајката за која сонувам цел живот и не е лажна туку искрена и полна со компатибилност, разбирање, и љубов“. Негувајте се. Нема нешто поубаво. Мајка ми брат ми и моите најблиски роднини и пријатели секогаш ми биле столб на поддршка во сите дадени ситуации. Благодарен сум им бескрајно што ги имам, рече Васил за Женски Магазин.