Кафе муабет

Први фотографии од синот на Ана Брнабиќ: Погледнете колку слатко момче е малиот Игор- се фрли во прегратка на премиерката (ФОТО)

Малото русокосо момче ги стопи срцата на присутните...

Јавноста со нетрпение чекаше да го види синот на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Имено вчера, покрај честа да присуствуваат на официјалното прогласување на новата Влада на Србија во Народното собрание, сите што случајно се нашле на свечената седница во таа зграда можеа во живо да видат како изгледа синот на Ана Бранбиќ.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Три годишниот Игор дошол лично да ја поддржи својата позната мајка на старо-новата задача.

фото Стори.рс

Секако, тука беше и партнерката на Ана, Милица Ѓурѓиќ, но најголемото внимание на присутните беше насочено кон малиот Игор, како и односот кој момчето го воспостави со неговата мајка, премиерката.

фото принтскрин

Имено, сите беа воодушевени кога синот на Ана Брнабиќ се втурнал во прегратките на премиерката, која исто така во тој момент не одолеа да го покаже своето друго лице кое најчесто го чува само за приватноста на својот дом.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Малиот Игор неколку минути беше во прегратките на Ана, а потоа со другата мајка Милица ја гледаше Брнабиќ како дава заклетва од балконот на Собранието.

фото Стори.рс

Синот на Ана Брнабиќ видно порасна, а особено се истакнува неговата руса коса. Премиерката не крие дека семејството и е единствената слабост, а би сакала да има повеќе време за него.

фото Стори.рс

– Навистина ми е тешко што не можам да поминувам повеќе време со семејството, тоа е страшниот аспект на оваа работа. Но, кога ќе ги видиме резултатите од нашата работа, станува многу полесно – изјави претходно премиерката Брнабиќ.

фото Стори.рс

Ана и докторката не ја кријат љубовта, напротив премиерката на Србија секогаш е многу среќна и се чувствува убаво кога зборува за својата емотивна партнерка во медиумите, а речиси никогаш не заборава да го спомене и синот Игор кој е центар на нивниот свет.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Односот на Ана Брнабиќ и Милица Ѓурѓиќ е како и секоја друга врска, но поради некоја посебна причина се многу интересни за медиумите. Секоја нивна акција не може да помине незабележано.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Поддржувачите на Ана и сите останати по којзнае кој пат можеа да се уверат дека српската премиерка има одличен вкус за жени, дека нејзината избраничка, освен со интелигенција и сестраност, може да се пофали и со неверојатна убавина, но и со прекрасно чувство за мода.

Фото Стори.рс

Во една прилика Ана откри дека нејзината партнерка Милица се грижи за нејзиниот стајлинг.

фото принтскрин

„Не знам брендови. Милица ми купува се. Навистина не знам“, изјави таа во емисијата „Амиџи шоу“.
Свадбата на Ана Брнабиќ и Милица инаку е неизбежна тема која и по 15 години заеднички живот ја интригира јавноста, а неодамна се наметна во документарниот филм „Ana je tu“. Во авторската, всушност дипломска работа, на новинарот Адам Сантовац, а премиерката отворено зборуваше за ЛГБТ заедницата на која и припаѓа, а која, според мислењето на нејзините членови, не е доволно застапена, а се осврна и на денот на нејзината венчавка со Милица.

фото принтскрин

На новинарско прашање дали е точно дека во еден од градовите каде истополовите бракови се законски регулирани, Њујорк, Рочестер или Вашингтон, се заколнала на вечна љубов кон Милица Брнабиќ рече:

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

– Не, не е вистина. Слушнав и дека сме се венчале, но тоа не е точно. Во врска сме над 15 години, но не сме во брак. Последното нешто што би го направила е да си дадам поголеми права од кој било граѓанин на Србија. Јас никогаш не би го направила тоа. Тоа е спротивно на сите мои принципи. Верувајте, попрво би се убила – посочила премиерката која и покрај тоа што законски не го регулирала односот со избраничката ужива и прави планови за иднината.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close