Кафе муабет
ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД НИКОЛИНА ПИШЕК ПО ЗАГУБАТА НА СОПРУГОТ: Отечена од плачење, без шминка, едвај зборува, еве како изгледа (ФОТО)
Излезе на прошетка со пријателите...
Српскиот историчар и сопруг на водителката Никола Пишек, Видоје Ристовиќ (44) ненадејно почина, а медиумите јавуваат дека тој го загубил животот додека бил на масажа.
Српски Курир објави и први фотографии од ужалената сопруга на трагично починатиот Видоје . Тие успеаја да ја сликаат Николина која денеска пристигна во главниот град на Србија. Таа во станот ги пречека пријателите на нејзиниот сопруг, кои дојдоа да изразат сочувство.
Беше бледа, отечена од плачење и едвај зборуваше за Курир.
– Ве молам, извинете, не сум во можност да давам никакви изјави. Ви благодариме на сочувството и разбирањето – накратко рече Николина.
По само неколку минути водителката излегла од станот за да се прошета со кучињата, а друштво и правеле пријателите.
Видоје, кој почина во саботата вечерта во салонот за масажа, тој ден не почувствувал никакви проблеми, а неговата ненадејна смрт ги шокирала членовите на семејството и пријателите.
Нивните соседи открија како изгледале последните денови на Видоје, како и каде била Николина во тоа време.
– Само што прочитавме дека Видоје починал. Тага, млад човек. Во последно време ни се чинеше дека е малку запоставен, многу се здебели. Го видов, ми се чини, пред два дена. Стоеше таму пред зграда и пушеше томпус, мислам дека чекаше некој. Изгледаше нервозен и бесен, како да брза. Се сеќавам дека гледаше во часовникот и сега ме заморува кога ќе размислам. Потоа отидов на пазар. Еве, и сега има отпушок пред зградата. Николина одамна ја немам видено овде, веројатно е во Хрватска. Многу ми е жал за неа, сега и е најтешко. Секогаш убаво не поздравуваше, ги шеташе кучињата наоколу. Таа трагедија не се случи во станот сигурно, тоа ќе го знаевме, ќе дојдеше брза помош. Веројатно некаде бил надвор од станот. Нешто ги спотера – прво несреќата со гас во Хрватска, сега ова. Хорор – изјави за Информер сосед од зградата.
Во околните кафулиња истакнуваат дека ги виделе покојниот Видоје и неговата сопруга.
– Доаѓаше, беше чест гостин. Беше галантен, секогаш оставаше бакшиш. Често го придружуваше и жена му . Само што слушнавме што се случило и многу ни е жал – изјави една од вработените во кафулето кое се наоѓа на помалку од 100 метри од зградата во која живеел Ристовиќ.
Инаку семејството Ристовиќ живеело и работело на релација Белград – Загреб. Парот се венчал во семптември во 2013 година во Монте Карло, а на 2 декември ја добија ќерката на која и го дале името Уна Софија.
Атрактивната презентерка го плени српскиот историчар на уметност и колекционер на уметнички дела штом ја виде, на српската телевизија каде што водеше ТВ-емисија. Тој тргна да ја освои со разни знаци на внимание. Во хотелската соба каде што престојуваше, бидејќи поради својата работа живееше на трасата Загреб – Белград, тој и и` испраќаше подароци цвеќиња, колачи и чанти од дизајнер.
Во тоа време, Николина беше „во врска “ со поранешниот играч на црногорската фудбалска репрезентација, Ниса Савеjиќ (46). Видоје штотуку ја прекина својата двегодишна врска со српската актерка Катарина Радивојевиќ (40).
Николина и Видоје се дружеа со месеци, пред да стапт во брак. Понудата за брак била во белградски ресторан, а прстенот бил од бело злато со дијамант кој чини околу 15 илјади евра. Тој не ја присили да се согласи да се омажи за него, но и рекол кога е подготвена, тогаш да го стави прстенот на рака.
На почетокот, Николина беше во шок, но веднаш се согласи да се омажи за Ристовиќ. Тие решија да стапат во брак на неутрален терен, во Монте Карло. На прославата имаше 70 гости, а Николина носеше венчаница од американскиот дизајнер Моник Лухилиер.