Дом и семејство
ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД НАСЛЕДНИКОТ: Голема причина за славење во домот на Слоба Радановиќ- го крстија синот Дамјан
Гордите родители направија крштевка на синот...
Фолкерот Слободан Слоба- Радановиќ неодамна се оствари во улога на татко и со својата сопруга Јелена го добија синот Дамјан.
Како што е познато неговата сопруга Јелена има две деца од првиот брак а сега гордите браќа отишле во манастирот на Космет да го крстат новороденчето.
Јелена Радановиќ неодамна ја информираше јавноста за крштевката и на тој начин откри дека поминале првите 40 дена, а дека малиот Дамјан може да прима гости.
Брачниот пар често објавува заеднички фотографии, но поради природата на обврските кога бебето ќе дојде на свет, не стигнаа да го овековечат моментот кога се сите заедно.
Сега се појави првата фотографија од семејството Радановиќ на која позираат сите заедно, а ова е воедно и прво излегување на малиот Дамјан откако поминаа 40 дена. Првото место што го посетија беше манастирот.
Вљубениот пар се фотографирал внатре во светилиштето, а надалеку е познато дека Јелена и Слоба го сакаат духовниот живот и дека секое слободно време го користат за посета на црква или манастир.
Слоба гордо со своите следбеници сподели дека го крстиле детето.
– Денеска ја имавме честа нашиот Дамјан да го крсти и воведе во верата еден од нашите омилени луѓе во најубавото место на светот, манастирот на Светите Козма и Дамјан на Косово и Метохија. Добредојде сине, слава на Бога! – напиша пејачот.
Инаку името Дамјан води потекло од грчкото име Damianos (грч. Δαμιανος) и е изведено од старогрчкиот збор damao (δαμαω) што значи „да скроти“, кој доаѓа од санскритскиот збор „дам“, што значи „давање“, „оној што дава“.
Слоба исто така требаше да присуствува на породувањето, но бидејќи му најдоа бактерија во носот, се откажа за секој случај- изјави мајката на Јелена.