Кафе муабет

Први фотографии од бремената свршеница на Михајло Шаулиќ! Сите коментираат една работа

Конечно среќа во домот на семејството...

Вереницата на Михајло Шаулиќ е во првите месеци од бременоста.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

Откако се дозна дека свршеницата на Михајло Шаулиќ е во блажена состојба, сите се прашуваат како Марина Велимировиќ, дипломиран професор од Белград, се носи со бременоста, дали чувствува некаква нервоза и кога е терминот за породување.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Единствено што јавноста досега можеше да дознае е дека Михајло и вереницата закажале свадба која ќе биде крајно скромна, дека веќе поделиле покани а за тоа како идната снаа на Гоца Шаулиќ се чувствува дознавме пред само неколку часа врз основа на објавата на двојката Шаулиќ на „Инстаграм“.

Story.rs

Синот на Шабан Шаулиќ, кој е и конзул на Србија во Цирих, со своите следбеници сподели неколку фотографии од неговиот одмор, на кои јасно се гледа бремената Марина.

ФОТО: Шабан Шаулиќ / Инстаграм

Иако на трудниците не им се препорачува да летаат со авион, свршеницата на Михајло Шаулиќ го прифатила тој ризик и со идниот сопруг отпатувала стотици километри од главниот град на Србија и не зажалила. Таа со насмевка на лицето ужива во егзотичната дестинација што ја одбрала за релаксација пред свадбената веселба и породувањето, а се чини дека е презадоволна од својата благословена состојба.

ФОТО: Шабан Шаулиќ / Инстаграм

 

Михајло во една реченица опиша колку и двајцата уживаат додека го слушаат звукот на брановите, јадат морска храна и шетаат по импресивните плажи.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

-Во пресрет на моментите кои сите ги живееме и кои со нетрпение ги очекуваме од раѓање, треба добро да се одмориме и да правиме планови за иднината – напиша идниот сопруг и татко под прекрасните фотографии.

ФОТО: Шабан Шаулиќ / Инстаграм

Добрата вест за приновата и закажувањето на венчавката го израдува целото семејство Шаулиќ и нивните пријатели.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

– Сите се неописливо среќни поради се убаво што им се случува. Секако. Штом младенците им ја соопштија веста на своите семејства, почнаа да се прават планови за венчавка, па деновиве веќе се во тек подготовките – рекол изворот и додал:

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Свадбата е закажана, некои од најблиските пријатели се веќе известени, додека други наскоро ќе добијат официјални покани. Бидејќи младенците сакаат дискреција без преголема помпа, се ќе биде организирано во престижен хотел во главниот град – раскажува за Објектив извор близок до семејството Шаулиќ, кој посочува дека Михајло и Марина се организираат по договор.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

За разлика од Санела и Илда Шаулиќ, за кои знаеме дека се во среќен брак, приватниот живот на нивниот брат Михајло се до сега беше енигма за јавноста.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Познато е само дека веднаш по смртта на татко му ја раскинал долгогодишната врска со Данијела Мандиќ со која планирал венчавка.

фото архива

Михајло е повторно среќен во љубовта а убавата бринета која му го освои срцето е Марина Велимировиќ.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close