Дом и семејство
Први заеднички фотографии: Откако објавија дека се разведуваат уживаат заедно во Дубаи- посреќни од било кога (ФОТО)
Јелена ги помина празниците со своите наследнички...
Веќе извесен период главна тема во медиумите е бракот на поп дивата Јелена Карлеуша и екс-фудбалерот Душко Тошиќ.
На големо се пишуваше за семејното насилство кое се случи минатата година на Божиќ, па од тогаш партнерите не се видени заедно.
Јелена неколку пати истакна дека се уште живеат заедно и дека во интерес на нивните две ќерки Атина и Ника се обидуваат заедно да ги носат одлуките кои се најразумни.
Се пишуваше дека семејната среќа и хармонија ја нарушил таткото и сопруг, Душко Тошиќ кој подолго време се чувствува како дел од семејството. И додека Карлеуша како лавица се бори да си го зачува домот и семејството, се чини дека не и успева.
Сите проблеми меѓу сопружниците, семејните расправии како и написите во весниците имаа големо влијание врз ќерките на Јелена и Душко, а особено влијаеа врз постарата Атина, која целосно се затвори во себе и се повлече од сите социјални мрежи.
Со оглед на тоа што нејзиното деби на модната писта привлече големо внимание, а таа покажа дека е голем професионалец и некој што дефинитивно ќе се истакне во тој свет, сите беа изненадени од нејзината желба да се затвори во себе а таквата одлука ја поддржаа и нејзините родители.
Се чини дека ваквиот чекор на Атина се покажа како правилен, а паузата од социјалните мрежи заврши неодамна благодарение на Карлеуша.
На профилот на Јелена се појавија ќерките Атина и Ника. Пејачката се пофали како ужива во празниците со своите наследнички во потоплите краишта.
За волја на вистината, мајката и ќерките беа фотографирани одзади, но и таму можеше да се заклучи колку и двете наследнички на поп дивата пораснаа за само една година, а многумина коментираа дека сега е вистинско време да се занимаваат со мода со оглед на тоа што нивната мајка има исклучително добар вкус за облека.
Она што на сите им падна во очи е дека на нивните семејни фотографии недостига машка фигура, но за празниците Душко заминал во родниот Зрењанин, каде што го минал времето со својата мајка, сестра и нејзиното семејство.