Кафе муабет
Прва фотографија по раѓањето на третото дете – Шехерзад изгледа беспрекорно!
Доби низа комплименти...
Убавата турска актерка Бергузар Корел пред извесно време се породи со своето трето дете.
Имено на почетокот на ноември убавата Шехерезад, на свет ја донесе ќерката Лејла.
Првата фотографија од преслаткото девојче го воодушеви светот, а сопругата на Халит Ергенч вешто избегнуваше да покаже како изгледа по породувањето.
Иако по претходните две бремености, кога ги роди синовите Али и Хан, не беше преоптоварена со физичкиот изглед, па обожавателите остро ја критикуваа за вишокот килограми и з анејзиниот изглед сега е сосема поинаку.
Дека убавата актерка успеа да ги изненади сите покажува и нејзината најнова фотографија која ја објави на „Инстаграм“.
Од вишокот килограми, кој многумина го очекуваа, нема ни трага ни глас. Изгледот на Бергузар Корел е навистина совршен, а комплиментите едноставно доаѓаат.
Лејла и беше најголема желба!
Актерката во текот на целата бременост ги споделуваше сите посебни моменти со своите фанови, кои и се многу благодарни за тоа.
Бракот на Халит и Берузар важи за еден од најхармоничните бракови во турската јавност. Иако медиумите безмилосно ги разведуваа, тие двајца покажаа дека љубовта е пред се и дека децата се круна на нивниот брак.
Актерката истото име го сподели и за време на својата втора бременост, но тогаш со ултразвук се покажа дека таа ќе роди момче.
Актерката го задржа името со надеж дека еден ден ќе биде горда мајка на преслатката Лејла и сега неколку години подоцна, нејзиниот сон станува реалност.
Тешко и болно породување!
Актерката пред извесно време реши јавно да го сподели своето лично искуство од третото раѓање и посочи дека секое породување е разлилно.
“Приказната на Лејла беше посебна од првиот ден. И покрај силната болка што ја чувствував, на прагот од болницата реков дека нема да го родам ова девојче до 10 часот. На крајот од 40-та недела, докторот ми објасни дека тоа беше причината зошто нашата девојка сè уште не беше подготвена.
„Можеби папочната врвца е прекратка“, рече тој. Часовите минуваа и моето тело беше целосно подготвено за бебето да излезе. Сепак, таа одлучи да не држи во неизвесност. 11 болни часови поминати во болница Лејла се роди точно во 10 часот – како што мислев. Се роди со папочна врвца завиткана околу вратот и ме спречија да ја земам во раце. Иако се беше подготвено, Лејла се роди кога таа беше подготвена“, рече Бергузар.
Актерката во објавата сподели и неколку фотографии од породувањето, а со тоа, покажувајќи храброст, порача дека секое бебе е различно, а со тоа и – секое раѓање.
“Не планирајте ништо. Ова е нешто што си оди по својот пат. Важно е да имате искусен тим и лекар со кој вашата приватност и здравјето на бебето ќе бидат пред се”, рекла актерката.
Бергузар и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч (Сулејман Величествениот) се во среќен брак од 2009 година, а покрај девојчето Лејла, имаат и две момчиња, Али и Хан, кои во март ќе наполнат две години.