Новости

Прва фотографија од трудничкиот стомак на Александра од „Брза кујна“

Поранешната водителка позираше и го покажа трудничкото стомаче

Пред една недела една од најпознатите македонски водителки, која се прослави во популарното кулинарско шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска, откри дека е во блажена состојба и со својот партнер Александар со кого е веќе 16 години, го очекуваат своето прво дете.

Идната мама која е активна на социјалните мрежи оваа вест ја објави преку својот официјален Инстаграм профил.

И додека фановите се прашуваа како згодната, слабичка водителка, која е препознатлива по својата насмевка, изгледа во блажена состојба, таа реши на социјалните мрежи да сподели фотографија на која јасно може да се види трудничкото стомаче.

 

foto Instagram/ Aleksandra_Ilievska

Фановите коментираа дека изгледа убаво како и секогаш, а пристигнаа и многу честитки за идната мама, која позираше со количка за бебе и со едната рака го гали бременото стомаче.

„Дури и за чудата е потребно малку време. Најдоброто допрва ќе дојде…, напиша Александра во описот на фотографијата која ја сподели на Инстаграм.

 

Поради новата улога која ја очекува, а очигледно и дека со нетрпение очекува да го земе во прекратки своето бебенце, симпатичната Александра ги извести фановите дека оваа сезона нема да биде дел од „Брза кујна“.

 

Имено таа неодамна рече дека со својот партнер долго се спремале за оваа улога, и тој сон сега конечно ќе стане реалност.

 

Во интервју за Вистина.мк, рече дека оваа 6- та сезона нема да биде дел од кулинарското шоу.

 

-Да, започна 6-та сезона. Посакувам ова шоу да живее долги години бидејќи е извондреден проект на кој работи одличен тим, пред и зад камерите. Јас сум дел од тимот, но во оваа сезона како гледач и најголем поддржувач бидејќи на пат е најубавото нешто што го посакуваме со сопругот, принова во семејството. Здравје, 7-ма сезона со нови знаења и умеења од кулинарство во друштво со нов член на семејството, ќе биде предизвик да се сподели пред македоснката јавност… хахахах, изјави Александра.

Љубовта ја крунисаа со брак во 2016 година. Александра постојано вели дека уживаат во љубовта а често пати знае да изјави и дека нејзиниот партнер со кого долги години беше во врска пред да застанат на лудиот камен е нејзина најголема поддршка во животот, и како што самата вели, тој е реалист, а јас сонувачот.

Во едно интервју за Гламур.мк, водителката откри и како го негува лицето и како ја одржува линијата, на што таа  одговори дека за неа нема убавина без пиење вода и дека претпочитува природни препарати.

„Пиењето вода за мене е најважно, како и сонот, барем 7 часа дневно. Секојдневно имам рутина по завршување на сите работни обврски темелно да ја чистам кожата со млеко и тоник и секогаш користам соодветен крем кој се трудам да е без парабен и за тело и лице“ изјави таа за Гламур магазин.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close