Кафе муабет

Прва фотографија од малата Лилибет: Меган Маркл посвети емотивна порака на ќеркичката!

Хари и Меган уживаат во родителството...

Меган Маркл и принцот Хари неодамна ја споделија првата фотографија од нивната ќерка Лилибет Дијана.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Фотографијата е всушност нивна божиќна честитка, а објавена е шест месеци по раѓањето на нивното второ дете.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Меган (39) ја држи малата Лили во воздух додека Хари (36) седи со нивното првородено дете, двегодишниот Арчи Харисон, во неговиот скут.

Хари, Меган и Арчи беа облечени во тексас фармерки за семејниот портрет, кој е дело на фотографот Алекси Лубомирски, додека Лили има бел фустан.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

„Оваа година ја пречекавме нашата ќерка Лилибет. Арчи нè направи мајка и татко, а Лили семејство“, стои во честитката.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Двојката исто така објави дека нивната фондација Арчевел ќе донира средства оваа сезона на различни организации кои „ги чуваат и штитат семејствата“.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Меган и Хари станаа родители на малата Лилибет на 4 јуни 2021 година во болницата Санта Барбара Котиџ во Калифорнија.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Девојката е осма во редот за британскиот трон.

За потсетување, 39 годишната актерка, летоска конечно прозбори за траумата и загубата која ја доживеала, па ја шокираше јавноста со информацијата дека го изгубила своето второ дете.

Фото Инстаграм/Меган Маркел
Фото Инстаграм/Меган Маркел

Во изјава за Њујорк Тајмс, Меган ја потврдила веста за спонтаниот абopтус и започнала со својата трогателна исповед.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

-Тоа беше, едно обично јулско утро. Се разбудив, ги нахранив кучињата, ја исчистив облеката и боичките на Арчи, ја врзав косата и го земав Арчи од лулката. Потоа му ја сменив пелената, и почувствував силен грч. Знаев дека нешто не е во ред. Паднав на подот заедно со Арчи во моите раце, веднаш почнав да пејам приспивна песна за да го смирам него но и себе. Веселата мелодија беше во целосна спротивност со моето чувство дека нешто не е во ред “, продолжи таа.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

„Знаев, додека го држев во раце првото дете, го изгубив второто …

Актерката вели дека по загубата биле скршени од болка, и признава дека не знаела како ќе се соочат со таа трагедија.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Неколку часа подоцна, лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на мојот сопруг. Го почувствував мирот што ми го донесе неговата дланка, ги бакнав зглобовите, кои беа влажни од моите и неговите солзи.

Фото Инстаграм/Меган Маркел
Фото Инстаграм/Меган Маркел

„Бев“ загледана во белите sидови, се обидував да смислам како би можеле да се излечиме после ова“, истакна Меган во својата шокантна исповед.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close