Кафе муабет
Прва фотографија на Хана Хулиќ по породувањето: Се појави во овој фустан и направи хаос- еве зошто сите гледаа во неа!
Изгледа прекрасно...
Хана Хуљиќ долго време по породувањето, беше далеку од очите на јавноста.
Додека нејзиниот сопруг Петар Грашо беше доста активен на деловен план, таа се посвети на ќерката Алба која ја добија во јули.
Сега Хана конечно реши да се појави во јавност и по долго време блесна на еден јавен настан.
Таа се појави на церемонијата на доделување на европските награди за филмска музика Camille Awards што се одржа во Сплит.
31-годишната Хана беше придружувана од нејзината мајка Вјекослава, таткото Тончи и братот Иван Хуљиќ, додека нејзиниот сопруг Петар Грашо никаде го немаше. Убавата мајка за специјалната пригода избра портокалов фустан кој одлично и прилегаше, а насмевката не ја тргна од лицето.
Откако во јули стана мајка на малото девојче Алба кое го доби со Петар Грашо, Хана ретко се појавува во јавноста, па ова нејзино појавување ги заинтригира сите.
Инаку новопечениот дедо, Тончи Хуљиќ неодамна во гостувањето во една емисија, проговори за врската со својата внука Алба, која неодамна ја доби од ќерката Хана и зетот Петар Грашо.
Видно весел и опуштен Хуљиќ искрено зборуваше за своето детство, образование и музички пат што го доведоа до статус на хрватски музички хитмејкер, но најинтересен дел од интервјуто беше оној во кој прозборе за својата внука Алба.
Тој истакна дека како некој кој пред извесно време за прв пат ја добил улогата на дедо се труди да има што повеќе слободно време за да може да биде со малото девојче.
-Како дедо гледам секој слободен момент да имам време да одам таму за да видам како е се по разгалена и слатка а има само неколку месеци, рече Тончи.
Покрај тоа дека сака да го поминува времето со својата внука, Тончи откри и дека решил повеќе да не настапува во живо, односно некое време да не одржува концерти. Отсега ќе издава само студиски албуми и нови песни, но на кратко ќе се откаже од концерти.
Петар пак истакна дека семејството му е најважно.
– Во текот на мојот живот, семејството отсекогаш било јадро и почетна точка на се, како и пристаништето во кое се враќам. Се трудам да бидам добар родител и партнер. Кога те води љубовта, убавите работи сами по себе се случуваат – рече Петар неодамна.
– Со оглед на тоа што нон-стоп сум на пат, немав премногу задачи или можности да се покажам. Но, верувам дека сум грижлив и посветен. Се надевам дека ќе напредувам и во тоа прашање истакна новопечениот татко за Блиц.
– Ѝ потпевнувам додека ја заспивам, засега ѝ се допаѓа мојот глас. Се надевам дека така ќе биде кога ќе порасне – искрен е Петар.
– Иако оваа работа понекогаш е заморна, јас навистина сакам да пејам. Ова е нашата најпрометна година досега, но колку и да е исцрпувачка, толку е убаво да се пее пред полни плоштади и арени. Се трудам да останам здрав со земање многу витамини и одење во теретана кога имам слободно време. Да не заборавиме 2-3 чаши црвено вино со оброк – препорачува популарниот пејач.
Хана и Грашо се венчаа на 19 февруари годинава во кругот на семејството, кумовите и најблиските пријатели, а сите беа придружувани од фотографи кои ги чекаа пред црквата и ресторанот каде се одржуваше свадбената веселба.