Дом и семејство

Прва фотографија на Петар Грашо со ќеркичката: Новопечениот татко ја покажа наследничката- оваа глетка ќе ве разнежни

Ужива во татковството...

Откако сопругата на Петар Грашо се породи на 17 јули во Сплит, а пет дена пред очекуваниот термин со царски рез го родила девојчето Алба тие станаа главна тема во медиумите.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

Како што објавија тогаш хрватските медиуми, ќерката на Петар Грашо и Хана Хуљиќ е родена со 50 сантиметри и 3150 грама.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

Музичката двојка избрала посебно име за својата ќерка, кое го открија неколку недели пред раѓањето, а интересно е што името Алба можат да го користат и момчињата и девојчињата. Потекнува од латинскиот збор „албус“, што значи „бел“ или „светол“, а исто така се преведува и како „зора“, па симболизира обновување на силата и упорност.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

Јавноста се интересира како изгледа девојчето, како тато Петар се снашол во таа улога, па и како Данијела Мартиновиќ со која тој беше во врска повеќе од две децении реагирала на новата животна улога на нејзиниот поранешен.

фото Стори.рс

Но и покрај разните написи, Грашо и Хана уживаат во семејна идила и во друштво на нивната наследничка на која и го дадоа името Алба.

фото инстаграм/Петар Грашо

Фановите со нетрпение очекуваа кога за прв пат ќе го видат бебето, па така во саботата музичкото семејство Хуљиќ Грашо пристигна со најмладиот член Алба на отворањето на Адвент во Загреб па имавме можност да забележиме и колку грижлив татко е Петар.

фото инстаграм/Петар Грашо

Пејачот уживал во варено вино и вкусни хот догови со сопругата Хана (31) и нејзините родители Вјекослава (59) и Тончи Хуљиќ (61), пишува 24sata.hr.

фото24sata.hr

Новопечениот татко не се одвојувал од своето бебе.

фото инстаграм/Петар Грашо

-Малото девојче беше будно, а Петар цело време ја чуваше, бидејќи беше во неговите раце. Беше многу внимателен – вели изворот за горенаведениот медиум.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Тој додава дека семејството било на забавата до 23 часот и останале до крајот на музиката, која набрзо завршила.

Фото инстаграм/Петар Грашо

Неодамна пак, таткото на малата Алба се пожали дека поминуваат многу малку време заедно.

фото инстаграм/Петар Грашо

Грашо вели дека поради бројните концерти и обврски не успева да помине доволно време со семејството.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Целта ни беше концертната година да ја заокружиме со најголемата арена во регионот, а тоа е Белградската арена. Навистина се радуваме на тоа, изјави неодамна за медиумите Петар Грашо.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Со оглед на тоа што годината ја исполнив со концерти уште пред да се роди ќерка ми, за жал не стигнувам ни да ја видам. Сè уште е бебе, воопшто не се занимава со музика. Ќе ги видиме нејзините афинитети, полека, рече Грашо.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Во текот на мојот живот, семејството отсекогаш било јадро и почетна точка на се, како и пристаништето во кое се враќам. Се трудам да бидам добар родител и партнер. Кога те води љубовта, убавите работи сами по себе се случуваат – рече Петар неодамна.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

– Ако семејството е стабилно друштво, да го наречеме така, емотивно друштво. Ако во тоа емотивно друштво секој член знае да придонесе, тогаш нема проблем. Со едноставни зборови, се трудам што повеќе да бидам со семејството, но кога не сум таму, Алба има прекрасна грижлива мајка која со најголема радост ја прифати таа улога. Има баби, има дедовци и сите други, изјави тој за српски Телеграф.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

Грашо и Хана уживаат во љубовта и не обрнуваат внимание на бројните шпекулации кои кружат низ медиумите.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Нивниот однос е стабилен и хармоничен, а тоа го докажаа во неколку наврати.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close