Дом и семејство
Прва фотографија на Атина по скандалот со нејзините родители: По неколку месеци криење ги изненади фановите- еве што се промени!
Атина се повеќе личи на мајка си...
Пред извесен период ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина Тошиќ направи потег кој ја изненади јавноста.
Имено наследничката на Карлеуша на почетокот од школската година, но и новата модна сезона ги избриша сите стари фотографии.
Таа ги избриша дури и фотографиите од роденденското патување во Париз, така што сега нема ниту една фотографија на профилот.
Овој потег ги изненади нејзините бројни фанови, посебно што секоја нејзина фотографија имаше илјадници лајкови и позитивни коментари.
Но сега се појави прва фотографија од неа откако изби конфликтот меѓу нејзините родители во семејната куќа на Дедиње, кој предизвика низа коментари во јавноста.
Поминаа неколку месеци откако најпопуларната „тиктокерка“ Атина Тошиќ се повлече од социјалните мрежи. И додека се редеа низа коментари дека постарата ќерка на Душко и Јелена е мини копија на нејзината мајка,се чини дека Атина наследила нешто и од нејзиниот татко – повлекување и решителност да се повлече од јавноста кога е најпаметниот потег.
Затоа Атина Тошиќ е единствената членка од семејството која не се појави на ниту една социјална мрежа, во време кога нејзиното семејство беше главна тема на домашната јавност. Таа ги оставила родителите да донесат одлука, без да одбира страни.
Првата фотографија на Атина Тошиќ после долго време предизвика позитивни коментари.
Обожавателите на Атина по неколку месеци на „Инстаграм“ профилот на Јелена добија шанса да ја видат нејзината постара ќерка и воодушевено ја коментираа нејзината убавина, изглед, но и нејзината мудра одлука да се повлече од јавноста додека не стивнат страстите, бидејќи таа е сепак само дете, кое заслужува мирно воспитување и сопствена приватност.