Кафе муабет
По неа лудуваа и мажите во Македонија: Турската актерка заблеска во полн сјај- ги покажа витките нозе и го запали “Инстаграм”
Учествуваше во нова модна кампања...
Убавата турска актерка Ханда Ерџел, која ги освои срцата на јавноста со ликот на Еда во серијата „Мириса на љубов“, не престанува да воодушевува.
Познато е дека во светот на познатите влезе како модел, а после тоа се префрли и на актерството.
Сепак, таа во последно време се почесто учествува во модни кампањи, а нејзините фотографии го одземаат здивот.
Покрај тоа што неодамна ја красеше насловната страница на турското издание на магазинот Marie Claire, таа сними и комплет фотографии за модната куќа Nocturne, чие заштитно лице е токму таа.
Нејзината чоколадно кафена коса одлично и прилега, додека овој пат во преден план се нејзините витки нозе.
Нејзините следбеници од целиот свет не ја пропуштија оваа прилика да и дадат низа комплименти.
– Ти си суперѕвезда, божица, најубавата девојка на целиот свет! Блескај, заблескај, драга Ханде! – беа дел од коментарите.
Но во екот на својата најголема популарност таа доби тажни вести кои веќе подолго време ги крие од јавноста.
Имено, според зборовите на водителот на популарната емисија „Soylemezsem Olmaz“, нејзина внука со која актерката е многу поврзана, пред неколку недели била примена во болница. И по детални прегледи востановено е дека има тешка дијагноза – карцином. Тоа навистина беше тежок удар за целото семејство, а посебно што бабата на Мави, односно мајката на Ханде, која починала од карцином.
Мајката на малата Мави ги потврди овие тажни вести, и откри дека лечењето на нејзината ќерка веќе започнало.
Семејството не сака овие информации да испливаат во јавноста, но во прашање е нешто што тешко може да се сокрие.
Откако веста се прошири низ турските медиуми многу фанови и праќаат пораки со поддршка на актерката и семејството и се надеваат дека малата Мави ќе излезе како победник од оваа битка и ќе го победи ракот.
Инаку Ханде има завршено ликовна академија, а на Инстаграм има речиси 30 милиони следбеници и важи за една од најпознатите Турчинки на оваа социјална мрежа.
„Се обидувам да бидам привлечна и наивна во исто време бидејќи мислам дека тоа е рецептот за совршена жена. Секако, тоа мора да се дозира на совршен начин и да се употреби во вистинскиот момент. Привлечна сум кога сакам да освојам некој маж што ми се допаѓа. Тоа секако дека не значи дека морате да се paзгoлите“.
„Постојат многу начини со кои можете да бидете ceкcaпилни. Па и интелигенцијата е ceкси, нели“, изјави своевремено оваа позната убавица за турските медиуми.
Да потсетиме, Ханде Ерџел беше во врска со турскиот заводник Керем Бурсин.
Керем пред да ја сретне убавата Ханде бил во среќна врска, а како што пренесуваат медиумите, тој наводно не можел да и одолее на актерката, посебно по големиот број романтични и интимни сцени што ги снимале заедно. Парот и покрај тоа што ги демантираше таквите гласини, фотографиите што и двајцата ги објавија на социјалните мрежи ги разоткрија.
Керем тогаш поради Ханде ја остави својата убава девојка, познатата турска актерка, Демет Оздемир.
Додека Керем и Ханде ги воодушевуваа сите со нивната романтична врска зад камерите, нивното раскинување растажи многумина. Турските медиуми наведуваат две можни причини поради кои популарната актерска двојка раскинала.
Првата причина за раскинувањето звучи како вистинска теорија на заговор, според која нивното раскинување е спонзорирано од менаџери кои не ја гледале нивната врска како профитабилна и корисна за нивните актерски кариери.
Втората причина е веројатно поточна. Керем доби нова улога во серијата што требаше да ја сними со поранешната девојка Демет Оздемир, која, всушност ја напушти токму поради Ханде. Проблемот беше што веста стигна до Ханде пред самиот Керем да успее да и каже. Љубомората кон неговата поранешна девојка беше очигледно посилна од довербата кон Керем.