Дом и семејство

По десет години неплодност и се оствари најголемата желба: Стана мајка на близнаци благодарение на нејзината пријателка!

Инез без двоумење се понудила да ѝ биде сурогат-мајка...

Кејси Ендрус по десет години неплодност успеа да го оствари својот сон и да стане мајка.

фото инстаграм/ FOX & DASH

Имено таа денес е мајка на близнаците Даш и Фокс кои имаат шест години, а веќе се прославија како актери во американската серија „Fuller House“.

Патот до мајчинството не бил воопшто лесен, вели Кејси. Таа истакна дека благодарение на својата пријателка успеала да го добие најголемиот благослов, да стане мајка.

фото инстаграм/ FOX & DASH
фото инстаграм/ FOX & DASH

Инез без двоумење се понудила да ѝ биде сурогат-мајка.

Во чест на својата пријателка Кејси Ендрус на својот Instagram сподели кратко видео од бременоста на пријателката Инез и раѓањето на нејзините близнаци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Good News Movement (@goodnews_movement)

„Пред 30 години бевме поврзани преку програмата ‘Big Sisters’ во Лос Анџелес. Ѝ бев ментор додека одеше на училиште и во тоа време, станавме семејство… Поминавме повеќе од една деценија, правејќи забавни нешта секоја недела и потоа таа порасна. Еден ден, откако ја слушна мојата приказна за неплодноста, се понуди да носи бебе за нас“.

фото инстаграм/ FOX & DASH
фото инстаграм/ FOX & DASH

„Слушнав ‘Бремена си’ по 10 години обиди за зачнување. Не сакавме да ја злоупотребиме нејзината добродушност или да ризикуваме близначка бременост, па ставивме само еден замрзнат ембрион во нејзината матка. Но, Бог имал други планови… Бевме благословени со ДВЕ бебиња (идентични близнаци) Дашиел и Фокс. Не можам да ја објаснам со зборови благодарноста која ја чувствувам кон неа и за моите бебиња“ – пишува во описот на видеото кое го сподели Кејси.

фото инстаграм/ FOX & DASH
фото инстаграм/ FOX & DASH
фото инстаграм/ FOX & DASH

Погледнете ја реакцијата на Кејси, во моментот кога дознава дека ќе стане мајка на близнаци.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close