Кафе муабет

По две години, сепак, се вратија во Лондон: Принцот Хари и Меган Маркл тајно ја посетија кралицата

Хари е осамен...

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган во четвртокот се сретнаа лице в лице со кралицата Елизабета, изјави неговиот портпарол откако весникот Сан ја објави посетата.

фото инстаграм/Меган Маркл

Портпаролот рече дека двојката застанала во Обединетото Кралство на пат кон Хаг каде што ќе присуствуваат на игрите Invictus, додавајќи дека Хари претходно изјавил дека се надева дека ќе се види со својата баба.

фото инстаграм/Меган Маркл

Бакингемската палата одби да коментира за оваа средба.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Сан објави дека Хари и Меган го виделе и принцот Чарлс за време на посетата на замокот Виндзор, што беше нивно прво заедничко патување во Британија откако ги напуштија кралските должности во март 2020 година.

фото инстаграм/Меган Маркл

Хари, кој се пресели во САД со Меган, ја пропушти комеморацијата која се одржа минатиот месец во чест на неговиот дедо, принцот Филип, војводата од Единбург, кој почина во април минатата година.

фото инстаграм/Меган Маркл

Неговото отсуство дојде по несогласувањата со британската влада околу безбедносната заштита за време на неговиот престој во Британија.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Кралицата, која ќе наполни 96 години овој месец, страда од проблеми со движењето и не присуствуваше на годишната миса на Велики четврток во капелата Св. Џорџ во замокот Виндзор. Таа исто така, нема да присуствува на неделната велигденска миса во Виндзор.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Инаку неодамна кралскиот експерт Нил Шон, го обвини братот на Хари, Вилијам поради тоа што малата Лилибет Дијана се уште не е крстена.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

Наводно крштевањето на второто дете на Хари и Меган било уште една причина за несогласување меѓу војводите од Сасекс и кралското семејство: тие сакале да ја однесат својата ќерка во Англија, но принцот Вилијам не дозволил.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

„Лилибет Дијана требаше да се крсти во Обединетото Кралство: родителите сакаа да го прослават светиот чин во капелата „Свети Џорџ од Виндзор“ каде што се венчаа самите. Но, некој се спротивстави на идејата Лили да се крсти во Англија“.

Фото Инстаграм/Меган Маркел

„Вилијам во основа стави вето. Но, тоа не беше добра идеја. Шон потенцира дека ако Хари и Меган беа задоволни, работите меѓу Сасекс и кралското семејство ќе се одвиваа многу поинаку: крштевањето на Лили во Виндзор ќе ги вратеше Хари и Меган во Англија, ќе го принудеше целото семејство да се соочи меѓусебе и некако – веројатно – ќе ги смиреше духовите, разгорени од интервјуто-бомба што кралската двојка ѝ го даде на Опра Винфри неколку месеци пред раѓањето на детето“.

фото инстаграм/Меган Маркл

„Хари се чувствува напуштен од семејството: секој пат кога му треба нешто, тие не се таму“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close