Кафе муабет
По веста за разводот за прв пат се огласи Данијела: Ужива во други прегратки- што ли ќе каже Огњен? (ФОТО)
Замина на заслужен одмор...
Познатата манекенка и топ-модел со потекло од Македонија, Данијела Димитровска ја започна својата манекенска кариера во далечната 2004 година со учество на еден од најпознатите модни натпревари Elite Model Look.
После тоа изгради успешна кариера проследена со ревии на големи светски брендови како што се „Гучи“, по што следеше Светскиот натпревар во Шангај, каде ги претставуваше Србија и Црна Гора.
Има учествувано на ревии и кампањи за некои од најпрестижните модни брендови, како што се: Вера Ванг, Хуго Бос, Диор, Каролина Херера, Шанел и многу други.
Заедно со црногорската манекенка Марија Вујовиќ и модната агентка Мирјана Удовиќиќ, таа во 2011 година основа агенција за модели наречена „Models Inc- Elite Model Look“, а од 2012 година агенцијата на Данијела е задолжена за организирање на натпреварот Elite Model Look на територијата на Србија и Црна Гора.
Во 2018 година таа го отвори својот салон за убавина во Белград, како катче во кое жените ќе се чувствуваат удобно, истакна во една прилика Данијела.
Во 2012 година се омажи за водителот и пејач Огњен Амиџиќ, а веста за пропаѓањето на нивната љубов беше објавена оваа година во јули. Тие беа во брак десет години и го имаат синот Матија, кој има девет години.
По разводот, Данијела замина на одмор во Грција за да ја промени средината, а деновиве ужива со сопствената сестра Ивана, која е психотерапевт, со која шета по планинските пасишта и дише чист воздух.
Тие две уживаат во планината, шетаат и одмораат, освојуваат врвови и поминуваат време со најмладите членови на своето семејство, за да ги наполнат батериите за новите работни обврски.
Да потсетиме, моделот Данијела Димитровска Амиџиќ и ТВ водителот Огњен Амиџиќ решија да се разделат по десет години брак.
Двајцата излегоа со заедничко соопштение и истакнаа дека освен ова нема да даваат дополнителни изјави.
– Сакаме да ве информираме дека решивме да се разделиме, а одлуката за развод ја донесовме заедно. Ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син и во оваа прилика повеќе нема да се рекламираме и да даваме изјави. Нашиот развод не е по вина на трето лице, па нема простор за дополнителни шпекулации. Сакаме да им се заблагодариме на сите медиуми за досегашната соработка и да ве замолиме да ја почитувате одлуката да не се зборува на оваа тема – беше наведено во соопштението.