Кафе муабет

АЛЕКСАНДРА МЛАДЕНОВИЌ ЗБЕСНА КОГА И ГО СПОМНАА ИСАК ШАБАНОВИЌ: Поминаа неколку месеци од раскинувањето, КОНЕЧНО ЈА ОТКРИ ВИСТИНАТА!

Пејачката не сака да се навраќа на минатото...

Во последно време животот на популарната пејачка стана доста динамичен, а она што и го одбележа претходниот период е настапот на свадба на НБА ѕвездата, како и раскинувањето со Исак Шабановиќ.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Пејачката зборуваше за своите деловни успеси, а потоа се осврна и на свадбата која и го одбележа периодов но и за својот љубовен живот.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

– Ми беше голема чест и задоволство да пеам на таа свадба, беше навистина убаво и незаборавно, сигурно ќе ми остане засекогаш во сеќавање. Имаше доволно пари, иако тоа не е важно. Секако, сите ние пејачите ја работиме оваа работа за пари, да не се лажеме, но прво мора да ја сакаш и да ја чувствуваш оваа работа, а јас сум некој што си ја сакам работата и едноставно се оди заедно со неа, и парите и пеењето – нагласува Младеновиќ па открива дали нашла некој кошаркар за себе на таа свадба:

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

– Не гледав, иако тогаш веќе бев слободна, но не гледав. Бев премногу возбудена и воодушевена од целата таа церемонија, нивните обичаи, беше една сосема поинаква свадба од оние од нашите простори. Не мислам и мојата свадба да биде таква, единствено ми е важно мојот иден маж да биде добар човек, шатор на ливада е добра идеја што се однесува до мене, не е важно дали е во луксузен хотел или не, се додека ме сака и почитува! Се уште не размислувам за свадба, знам само дека ќе бидам убава – се насмеа пејачката.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Изминатите неколку месеци ги одбележа и нејзината врска со колегата Исак Шабановиќ, со кој неодамна раскина, а сега откри и дали останала во контакт со него.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

– Не би коментирала за тоа. Не останавме во контакт и не би се навраќала на таа приказна. Тоа ми е минато и го оставив зад себе. Немам време ни да размислувам за ниту еден маж, максимално се посветив на моите настапи. Кога ќе дојде вистинскиот маж, ќе го покажам, дотогаш никогаш повеќе нема да го покажам партнерот јавно. Изгорев, иако не по наша вина, се случи тоа што се случи, нè фати „Папарацо лов“, но генерално не сум за тоа да го покажам мојот партнер, луѓето треба да се интересираат за моите песни – заклучува Александра.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

Таа по само три месеци врска откри во јавноста дека повеќе не е заедно со Исак.

Фото Инстаграм/Исак Шабановиќ

“Слободна сум, не се вклопивме. Ништо посебно. Ние сме два различни света, имаме различен поглед на животот, решивме дека е најдобро да ставиме крај. Се е убаво, но најважното врската е дома. иНема проблеми така се договоривме и така ќе остане.Не сакам да зборувам за ситуации, само слободна сум.Не патам, зошто би трпела, не се најдовме еден со друг“.

фото инстаграм/Исак Шабановиќ

„Немаше да ја откријам врската ако не не видеа заедно, но убаво беше, му посакувам среќа. Траеше скоро четири месеци и не беше маркетинг. Ќе останеме пријатели и колеги, можеби ќе настапуваме заедно но едноставно не се согласуваме.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

„Најдобро е секој да си оди по својот пат“, истакна Младеновиќ.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

– Тоа што го подготви бурми е негов проблем. Слободно нека ги даде на друга. Спогодбено раскинавме. Ќе останеме пријатели и колеги. Имаме различни погледи на животот и најдобро е секој да си оди по својот пат – рече пејачката и додаде:

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

– Не е важно што неодамна го запознав со родителите. Момчињата флертуваа со мене дури и додека бев зафатена. Никој никогаш не изневерил. Ниту јас, ниту тој не сме од тој филм. Останавме во добри односи и му посакувам се најдобро, тоа имам да кажам – изјави Александра за Pink.rs.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Но она што е интересно е тоа што извор близок до пејачката за медиумите истакна дека всушност парот не раскинал но сака да ја сокрие врската од очите на јавноста.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

– Александра на сите новинари им кажа дека ја раскинала романсата со Исак, но тоа не е вистина. Тие трпеа голем притисок од јавноста, не сакаа ни да зборуваат за врска се додека камерите неодамна не ги уловија заедно во Белград. Затоа се договориле да кажат дека раскинале, со надеж дека ќе можат понормално да функционираат – започнува изворот.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

– Исак не сака да учествува во приказните на Александра за раскинувањето. Тој ја поддржува нејзината идеја, но не планира да се огласи на темата, па досега не потврдил дека ја прекинале врската. Ќе остави прашината да се спушти, па по некое време ќе види дали ќе зборува за нивната врска и на кој начин – додава изворот на „Блиц“.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Да потсетиме, Александра и Исак беа во врска три месеци, а ги запозна заеднички пријател. Тие двајца дури се појавуваа заедно на емисии и зборуваа за својата љубов, па дури и за интересни ситуации, со оглед на тоа што таа пее народни песни, додека Исак е рокер.

фото инстаграм/Александра Младеновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close