Новости
По брачниот бродолом и тешкиот развод конечно е среќна: Се вери пејачката Адел
Таа е во хармонична врска со својот партнер...
Светски популарната пејачка Адел беше видена како носи огромен дијамантски прстен на нејзиното последно шоу во Лас Вегас за време на викендот, што дополнително ги поттикна шпекулациите дека таа конечно е среќна и заљубена.
Веста за свршувачката првпат ја објави веб-страницата Deux Moi, која тврди дека информацијата е од сигурен извор близок до парот.
Двојката наводно оваа година планира летна венчавка, а нивната свршувачка доаѓа две години откако ја објавија врската.
Пејачката Адел пред неколку години проговори за разводот, но и за бројните коментари кои ја погодија, во врска со брачниот бродолом.
Нејзините обожаватели беа неизмерно среќни поради тоа, мислејќи дека нејзината неуспешна љубов ќе биде инспирација за новиот албум кој со нетрпение го очекуваа.
Адел истакна дека фановите навистина ги сакаат нејзините нови песни.
– Но во реалноста тоа не е нивна одговорност. Во реалноста, нивна одговорност како обожаватели е да сакаат добар албум и да се надеваат дека ќе го снимам. Затоа ги прифатив тие коментари со малку сол и се беше во ред – изјави таа.
За нејзиниот поранешен сопруг, Адел, вели таа, никогаш не се чувствувала смирена, среќна или целосно присутна, а тоа многу ја растажило.
– Тоа што толку многу луѓе што не ги познавам знаат дека не успеав, тоа ме уништи. Се срамев. Никој не ме посрамоти, но се чувствувате како да не сте успеале – објаснила таа за магазинот „Ролинг Стоун“.
Адел го даде првото големо телевизиско интервју по неколку години пауза, кај Опра Винфри, на која и ја отвори душата. Во елегантната градина, „кралиците на интервјуата“ зборуваа за нејзиниот повратен албум, љубовта, разводот и животната трансформација.
Иако во еден момент и се сруши целиот свет, Адел успеа да ја пронајде својата љубов со нејзиниот сегашен вереник Рич Пол.
Со помош на целосната трансформација која ја постигна таа се ослободи од нападите на анксиозност кои ги претрпе по раскинувањето со Симон Конецки во 2019 година, со кого помина осум години и доби син.