Новости
ПОСТАРАТА ЌЕРКА НА КАРЛЕУША ОБЈАВИ ЕМОТИВНА ПОРАКА ЗА СВОЈАТА МАЈКА: Овие зборови ќе ве расплачат!
Атина има 12 години а веќе е многу популарна...
Дека Јелена Карлеуша е посветена мајка знаат многумина, но овој пат тоа го потврди и нејзината постара ќерка Атина, со својата објава на социјалните мрежи.
Атина Тошиќ која има 12 години, веќе оди по стапките на нејзината мајка, и е многу активна на социјалните мрежи, и баш како и Карлеуша постојано го споделува своето секојдневие со обожавателите.
– И не е важно што велат луѓето, туку што чувствувам одвнатре – напиша Атина во описот на фотографијата на нејзината мајка.
Овој пост и самата Јелена го објави на својот Инстаграм профил.
Очигледно, Карлеуша е вистински пример за нејзините ќерки, затоа што овие зборови посветени на нивната мајка буквално ќе ве расплачат…
Ќерките на Јелена Карлеуша се на добар пат за неколку години да ја стигнат нивната мајка на социјалните мрежи.
Инаку Атина и Ника имаат 12 и 11 години, а сопругот на Карлеуша Душко Тошиќ има 35 и е седум години помлад од пејачката.
Поголемата од нив, Атина, веќе има снимено неколку модни реклами, а само на Инстаграм има преку 100.000 фанови.
Многумина коментираат дека несомнен потсетува на својата позната мама и веќе е идол на многу девојчиња на нејзини години.
Горди на својата мајка
Во една од последните емисии во „Ѕвездите на Гранд“ пејачката се осврна на нејзиниот стил, но од аспект на тоа што е мајка.
Критикувана дека една мајка не треба се облекува толку провкативно, пејачката тогаш го изјави следново:
„Една жена ако е мајка не треба да се завие, да замине во манастир, да изгледа како домашна помошничка и да заврши со својата работа“.
„Јас во мојот дом сум мајка, не сум во сценски костуми. Моите деца се прекрасно воспитани, со сите петки, деца за пример, фини, скромни и за мене сите велат дека сум прекрасна мајка. Тоа што јас имам своја работа нема врска со тоа каква мајка сум, ниту тоа ме одредува“ изјави таа и додаде:
„Можам само да ви кажам дека моите ќерки се горди на својата мајка“.
Малата Атина порасна во вистинска убавица
Атина Тошиќ во последно време се повеќе го првлекува вниманието на медиумите.
Имено многумина и веќе забележаа дека таа многу наликува на својата популарна мајка, која очигледно е дека е нејзин идол.
Атина е особено популарна на социјалните мрежи и има најмногу следбеници од сите деца на познатите личности во регионот кои се нејзини врсници.
Со нови фотографии покрај луксузната новогодишна елка во семејната куќа, Атина ги воодушеви нејзините следбеници па нејзината објава за 16 часа „собра“ 28.000 лајкови и скоро 300 коментари.