Кафе муабетНега и здравје
Порасна во вистинска убавица: Погледнете како изгледа ќерката на Жељко Јоксимовиќ од првиот брак!
Мина важи за девојка која го негува нејзиниот изглед и зрачи со убавина а со последните фотографии ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм.
Мина Јоксимовиќ ќерката на заводникот и миленик на женската публика Жељко Јоксимовиќ порасна во прекрасна девојка која секојдневно добива низа комплименти.



Мина важи за девојка која го негува нејзиниот изглед и зрачи со убавина а со последните фотографии ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм.


Атрактивната бринета замина на годишен одмор и иако не ја сподели локацијата, објави фотографии кои одземаат здив. Имено, таа беше фотографирана на плажа, во фустан што е по најнова мода, а нејзиниот исончан тен блесна на сонцето.




Многумина ја забележаа и пофалија нејзината фризура, која доби брановиден изглед од морската сол, а за целокупниот изглед на Мина Јоксимовиќ ќе се зборува со денови.
Патем, Жељо е многу горд на својата наследничка. Вредната и талентирана Мина студира на Музичката академија, а покрај тоа честопати поминува време со својот татко во студиото.



Инаку пред да стапи во брак со Јована Жељко Јоксимовиќ беше оженет со Весна Јоксимовиќ, со која ја има ќерката Мина.

Тие се венчаа кога тој имаше 23 години, а пејачот побара од Српската православна црква да го поништи бракот пред околу 10-тiна години, за да може да и вети вечна љубов на Јована пред Бога.
Мина од својот татко го наследи талентот за музика, а судејќи според фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, таа ја наследи убавината од нејзината мајка.


Првата сопруга на Жељко, Весна не сака медумски да се експонира, па Мина ретко објавува нејзини фотографии. Меѓутоа, според неколкуте кои ги објави, може да се забележи дека Мина е пресликана Весна.


