Кафе муабет

Поранешната на Дарко Лазиќ се гледа со оженет маж? Шок преписка протерче во јавноста- ова никој не го очекуваше од неа

Барбара се огласи и демантираше...

Поранешната свршеница на Дарко Лазиќ, Барбара Бобак наводно од летоска се гледа со оженет маж, дознава српскиот Курир.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Сопругата на момчето со кое наводно се гледа Барбара решила да ја каже целата вистина за српските медиуми. Наводно таа фатила преписка која се водела меѓу младата пејачка и нејзининот сопруг со кој всушност Барбара претходно била во врска.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Неговата сопруга тврди дека во август дознала дека и работат зад грб, но дека сега решила да ја разоткрие пејачката поради настанот кој се случил неодамна.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Со сопругот бевме на приватна прослава. Дојде Барбара. Во еден момент мојот сопруг ја плесна по задникот додека беше мр.тов пијан. Таа му се насмевна. Можеше да му удри шлаканица, да му рече: „Ало мајмуне, дали си нормален“, но не, се насмевна младата госпоѓа – раскажува гневната сопруга и продолжува:

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Си заминав, а двајцата останаа уште малку, по што завршија во нејзиниот стан, до три часот наутро. Да знаев тогаш, ќе направев хаос. Тие почнаа да се гледаат во август. Тоа го нарекоа психотерапија, пу.шење и с.х. Тажно.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Ги имам тие пораки. Ги фотографирав. Ѝ пратив порака да оди кај психотерапевт и да му каже дека сака пијани и дрогирани мажи кои се женети. Таа малку се изплаши а јас ја блокирав од секаде. После тоа, не забележав дека таа продолжи да контактира со мојот сопруг до неодамна. Ја одблокирав и повторно и испратив порака „Еднаш те предупредив“ – вели измамената сопруга.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Пред некој ден ми се појави нејзиното интервју во кое вели колку е воспитана, како не може да и се случи врска со зафатен маж. Инаку, Барбара Бобак е поранешна девојка на мојот сегашен сопруг, не знам ни колку  беа заедно. Тоа не беше сериозна врска. Тие беа заедно долго пред мене.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Таа ја познава и Барбара од порано и тие биле во контакт.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Разговаравме и кога раскина со Дарко Лазиќ. Бевме навистина добро, се следевме и на Инстаграм. Таа рече дека на мене и на мојот сопруг ни ја посакува сета среќа. Бидејќи беше и со Лазиќ и со мојот сопруг, почна да ги споредува, да ми кажува дека се исти, вакви, такви за после неколку месеци да ги најдам нејзините пораки разменети со сопругот и да дознаам дека се гледа со него – заклучува оваа жена.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Барбара не се огласуваше за овој скандал, но на доделувањето на MAC наградите блесна во предизвикувачки фустан и со насмевка на лицето ја коментираше целата приказна во која наводно таа е главен актер.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Чиста глупост. Тоа е глупост, навистина ми е жал што сум некој што живеел чист и нормален живот за да не можете да ми извлечете валкано минато, со тоа ќе постапат моите адвокати. Нема да толерирам такви работи и некој да ми го нарушува угледот со некои неосновани тврдења – изјави Барбара Бобак.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Во продолжение фотографии од преписката меѓу Барбара и сопругот на изневерената жена…

фото принтскрин
фото принтскрин
фото принтскрин
фото принтскрин
фото принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close