Кафе муабет
Поради овој фустан ја нападнаа Јелена Ѓоковиќ: Доби низа навредливи коментари а таа е облечена во најтренди парчето за ова лето, плати вртоглава сума за него!
Барби фустанот не е омилен...
Розевиот фустан на Јелена Ѓоковиќ е во центарот на вниманието откако таа се појави во него на финалето на Вимблдон.
Mедиумите се воодушевени од стајлингот на сопругата на Новак. Меѓутоа, на социјалната мрежа Твитер ситуацијата е нешто поинаква – корисниците имаат спротивставени ставови за фустанот во кој се појави Јелена.
Розевиот фустан кој го носеше таа на трибините на Вимблдон е совршен летен модел во една од најпопуларните бои, со разигран крој. Но, ако ги прашате луѓето од Твитер, таа е „проблем“.
„Чекајте, чекајте, не бев во тек… Дали овој фустан е проблем? Вие сте болни“, напиша еден твитерџика над фотографијата на Јелена Ѓоковиќ кад ее облечена во розев фустан, а коментарите веднаш почнаа.
„Идиотизам, би го носела 24 часа“, „Луѓето се љубоморни“, „И фустанот и таа ми се онака. Но кому му е гајле за фустанот?!?Не разбирам зошто трошите време и енергија“…, „Проблемот е таа, нејзината глава, чанта, часовникот, косата, дамките на лицето и капа од пазарот во Житораѓа. Секако дека е проблем“, „Фустанот е убав ако си девојче од предучилишна возраст“, „Фустан како фустан. Просечен“, „Мислам дека не е убава“… ова беа дел од коментарите.
И тогаш еден твитерџија напиша: „Буквално најглупавиот вовед во дискусија“ и со тоа беше прекината понатамошната дискусија.
Иако мислењата се поделени сепак розевиот фустан со паф ракави е летен тренд веќе неколку години бидејќи е практичен и добар избор за свечени пригоди, попладне и навечер.
Деновиве Јелена се најде во центарот на озборувањата и поради нејзиниот однос со свекрвата Дијана. Имено тие две го бодреа Ноле на трибините а многумина заклучија дека ги закопале воените секири.
Најважните жени во неговиот живот се трудат да го усреќат Новак, а дека работите се подобруваат докажува и искрената насмевка на Дијана Ѓоковиќ, која гордо ужива во љубовта на нејзиниот син кон Јелена.
Моментот кој го овековечија светските фотографи во Србија беше дочекан со восхит, бидејќи обожавателите на Новак Ѓоковиќ долго време навиваа за Јелена и Дијана да се смират и да се обединат за да му ја дадат најголемата поддршка.
-Новак не сакаше да се меша во нивната врска мислејќи дека тоа е само фаза низ која минуваат. Бидејќи работите не се сменија, Новак одморот ќе го искористи за да ги смири Јелена и Дијана, бидејќи се отиде предалеку. Откако Дијана во една емисија изјавила дека им дозволува на внуците да јадат сè, Јелена му испратила на Новак клип од шоуто, велејќи дека е непримерно Дијана да зборува така во јавноста. Новак тогаш и рекол дека и таа мора да ја спушти топката и дека би било убаво двете да седнат и конечно да разговараат – рече извор за „Стар“ .
– Јелена пред две години кажа нешто што многу ја повреди Дијана и Ноле смета дека треба да и се извини за тоа, за да продолжат без срам. Тој и нагласил на Јелена дека не му треба притисок и дека може да имаат проблеми доколку двете не се помират, бидејќи не сака да избира меѓу мајка и сопруга. Јелена беше изненадена што овој пат не застана на нејзината страна.