Дом и семејство
Поради оваа бринета Огњен ја оставил Данијела? Конечно исплива вистината за крајот- таа му го украде срцето на водителот?
На големо се шпекулира дека поради Мина ја оставил Данијела...
Минатата година како бом.ба одекна веста дека Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Данијела Димитровска се разведуваат.
Иако важеа за еден од најхармоничните парови, сепак љубовта избледе па партнерите тргнаа секој по своја страна.
Данијела живее со синот Матија а Огњен како што пишуваат медумите утеха нашол во прегратките на Мина Наумовиќ, атрактивна бринета која веќе некое време е дел од шоуто „Амиџи шоу“ во сегментот „Нагазна мина“.
Наводно Огњен е во врска со убавата бринета веќе неколку месеци, приближно од моментот кога Мина се приклучи на тимот на шоуто.
Бидејќи поминале многу време заедно поради работата, сфатиле дека меѓу нив има силна хемија.
Оттогаш едвај и се разделуваат, постојано се заедно а судејќи по нејзините објави на социјалните мрежи, Мина веќе се вселила во луксузниот дуплекс на Огњен.
Како што пренесува Стори.рс парот ги избегнува рестораните во Белград за да не наиде на љубопитните очи, но затоа тие се многу среќни што заедно патуваат надвор од градот.
Така, на крајот на март беа видени на Тара во луксузно одморалиште, каде поминаа романтичен викенд далеку од очите на јавноста.
Огњен од бракот со Данијела го има синот Матија, кој живее со мајка си, но старателството е поделено и Огњен рамноправно учествува во неговото воспитување, растење, школување а со поранешната сопруга функционираат одлично.
Сепак, Амиџиќ сè уште не го запознал синот со својата нова девојка Мина.
За разводот никогаш не зборуваше во медиумите, додека неговата поранешна сопруга на оваа тема проговори само еднаш и тоа за време на гостувањето во емисијата „На терапија“ кај Славица Ѓукиќ Дејановиќ, кога отворено призна дека едвај ја издржала последната година.
– Разводот е една од најболните работи што може да им се случи на луѓето. Во мојот најтесен круг на пријатели, кога се шегувам, велам дека тоа е см.рт без умирање. Навистина боли, кога ќе ум.реш, тоа е крајот, а ова боли. Се додека не престаме, боли, а никогаш не знаеш кога ќе престане, нема пишани хартии за тоа. Се е до правото на избор и фала му на Бога дека имаме право да избереме со кого ќе се венчаме и со кого ќе се разведеме, рече Данијела.