Кафе муабет
ПОЛНА ДУША УБАВИНИ: Водителката Марина Дојчиновска славеше роденден – oва нејзино издание ќе ВЕ ВООДУШЕВИ
Водителката го прослави 57-миот роденден...
Марина Дојчиновска, познатата водителка на емисијата Македониум која се емитуваше на фреквенцијата на Телевизија Сонце веќе долги години е во врска со музичарот Горан Алачки.
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска
Марина денес е успешна директорка на Хунза Веда Клуб, увозник на маслото Хунза за Македонија.
-Животот понекогаш знае пријатно да не изненади и да ни донесе нови личности во кои ќе пронајдеме нешто посебно и вистинско, по кое можеби и не сме биле свесни дека сме трагале целото време – изјави во интервју за „Фокус“ маестро Горан Алачки.
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска
Тие двајца не ја кријат својата љубов и често на социјалните мрежи споделуваат заеднички фотографии, на кои може да се види дека еден со друг си се поддршка во се, а истовремено уживаат на разни патувања.
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска
И двајцата сме зрели личности, во едно доба кога знаеме што точно сакаме од животот. Убаво ни е заедно и секому од срце поскауваме да си ја најде сродната душа – раскажа Алачки за „Фокус“.
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска
Марина веќе долго време не се занимава со јавна професија. Сега е претпиемачка, фокусирана на здравиот живот и исхрана.
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска
За љубовта со Горан вели дека станува збор за една зрела врска меѓу двајца луѓе кои точно знаат што сакаат.
– Со Горан си ги разубавуваме животите еден со друг веќе шеста година. Се сретнавме двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје. Потоа продолживме патувањата да ги планираме заедно и да ги споделуваме убавините на живеењето што ги носат зрелите години.
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска
Неодамна, водителката го прослави својот 57-ми роденден.
На Фејсбук објави повеќе фотографии под кои во описот напиша:
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска
Роденден!!!
Нели не е важно колку години имаш во животот,туку колку живот имаш во годините!
И колку сакани луѓе имаш во тие години,за да прославиш заедно со нив!
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска
Среќа и радост-полна душа со убавини!!!
Насмевки и прегратки и искрени емоции!
,,Има ли песна,, и Наум,наместо Happy birthday!
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска
Добредојде 57!!!
Фала ти животе!!! – напиша водителката на Фејсбук
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска
Дојчиновска во 2012 година ја основа својата компанија Хунза Веда со цел да донесе масло од Хималаите во Македонија.
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска
Марина и Горан оваа година прославија седум години како се заедно, а како што самата Марина во една пригода изјави, најмногу ги поврзува и тоа што се иста генерација.
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска
Фото:Фејсбук/Марина Дојчиновска