Кафе муабет

Познат менаџер потврди дека во “Ѕвездите на Гранд” се барале пари?- Овој член на жирито си заминал затоа што сфатил дека пејачите барале пари од кандидатите?

Поповиќ вели дека тоа не е вистина...

Кога во медиумите се појави веста дека на Душан Вукадиновиќ, еден од поранешните натпреварувачи на Ѕвездите на Гранд, му побарале пари за да продолжи понатаму, а тоа го барала никој друг туку Снежана Ѓуришиќ јавноста остана во шок.

фото принтскрин

Иако повеќето не веруваа во приказната на младиот Вукадиновиќ, Саша Мирковиќ, познат менаџер и продуцент, изгледа дека целосно му верува на овој пејач, а тоа и самиот го потврди на својот Инстаграм профил.

фото принтскрин

– Апсолутно точно! Ова е вистинската причина зошто Аца Лукас го напушти жирито на Ѕвездите на Гранд. Пред неколку години утврдил дека на децата им бараат пари, па го напуштил жирито и за тоа се скарал со Поповиќ – напишал Саша Мирковиќ a неговата оббјава ја сподели Аца Лукас на својот официјален профил на Инстаграм.

Фото Инстаграм/Снежана Ѓуришиќ

Сепак, Саша Поповиќ тврди дека се што изјавил Мирковиќ е невистинито.

фото принтскрин

– Аца Лукас ги напушти Ѕвездите на Гранд во договор со неговиот тогашен менаџер, исклучиво поради негови лични интереси. Лага е дека некогаш си заминал поради проблеми во нашата емисија, лага е дека некогаш се скарал со мене, лага е дека Ѕвездите на Гранд е натпревар каде што секој земал пари од натпреварувачите. Сето тоа многу добро го знае, само што уште еднаш од лични интереси не ја кажува вистината – рече Саша Поповиќ.

Фото Инстаграм/Снежана Ѓуришиќ

– Многу одговорно си ја работам работата и го трошам времето помагајќи им на младите бидејќи сум образован и докажан уметник. Апсолутно нема да коментирам ничии изјави на оваа тема бидејќи се смешни и малку одвратни. Сите информации на оваа тема можете да ги добиете од директорот Саша Поповиќ, кој знае се што ние како ментори правиме со кандидатите. Исто така, само Саша одлучува кој оди во бараж. Тој беше елиминиран во баражот со одлука на Саша Поповиќ – изјави Ѓуришиќ за српски Курир.

Фото Инстаграм/Снежана Ѓуришиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close