Кафе муабет

Позната состојбата на Боки 13 кој денеска беше прeтeпaн од тројца затвореници во затворот Идризово

Боки е пуштен по лекарските контроли...

Бојан Јовановски или како што јавноста го познава Боки 13 денеска бил претепан во дворот на затворот „Идризово“, објави А1он.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Поранешниот водител и шоу-мен се здобил со повреди во пределот на главата, рацете, но и во абдоменот и итно бил пренесен и задржан на лекување во болница.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Како што објави гореспоменатиот медиум, наводно Боки немал никакви претходни расправии со тројцата насилници кои му ги нанеле повредите.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Боки се здобил со видливи повреди, отоци и гребаници на пределот на главата, раката, рачниот зглоб и надлактицата. По направените прегледи тој бил пуштен поради лекарска проценка дека нема потреба од хоспитализација, објави МИА.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Од МВР за А1.он потврдија дека добиле пријава…

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

„Во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со поврди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР за А1.он.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Се уште не се познати причините ниту се знае идентитетот на тројцата напаѓачи.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Да потсетиме, Боки 13, по апсењето во акцијата „Рекет“ заврши во истражниот затвор „Скопје“.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тој беше затворен на 15 јули 2019 година, а Основниот кривичен суд Скопје на 18 јуни 2020 година првостепено го осуди на девет години затвор, а разрешената македонска специјална обвинителка Катица Јанева на седум години затвор. Како што беше напишано претходно, неговата жалба на решението на скопскиот Кривичен суд за притвор неколку пати беше одбиена, како и барањето да биде префрлен во куќен притвор поради лошата здравствена состојба.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Боки 13 ја шокираше јавноста со својата исповед и болно признание кое неодамна беше објавено на социјалната мрежа Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

– Кога бев уапсен и затворен, многу од моите таканаречени пријатели, роднини и соработници ме избришаа од списокот на живи, како да сум мр-тов и закопан, а не затворен … рекоа дека не ме познаваат, други велеа дека ме познаваат само од телевизија, други велеа дека веќе не ми се пријатели и дека се шокирани кога дознаа што правам, други ме украдоа, петти најмизерно се дистанцираа од мене а им беше добро кога земаа огромни плати, а голем дел од нив, најодвратните, кои најмногу ми се лижеа во „нормалниот“ свет, а потоа уживаа во мојата ситуација велејќи: „Добро му направија, не е доволно!“ На такви полтрони им посакувам да живеат „убаво“ и да почувствуваат колку е убаво на нивна кожа …

фото Фејсбук/Бојан Јовановски

– Сите овие горе, лицемери, крлежи, крадци, мршојадци го игнорираа фактот дека нивното лицемерие, нечистотија и нечовечност се мојата мотивација денес! Мотив да продолжам со крената глава, да се борам и да успеам во борбата, со Божја волја и помош, а не со нивна! Вистина, кај мене во најтешките моменти, покрај мајка ми и татко ми, останаа само неколку луѓе кои се избројуваат на прсти, но верувајте, благодарен сум што имам неколку, но премногу по квалитет и важност , нека се сите живи и здрави и од се срце им благодарам што покажаа дека уште има луѓе. Ви благодарам од срце! Им благодарам и на луѓето кои лично не ги познавам и кои ми дадоа искрена и срдечна поддршка, верувајте во ситуацијата во која се наоѓам, секој убав збор, планина вреди, затоа благодарам – беше истакнато на споменатата социјална мрежа…

фото Фејсбук/Бојан Јовановски

Скоцкан сум и од затвор… тоа ви пречеше , ви пречи и нека ви пречи, ако е тоа главниот проблем во нашата држава, тогаш ние сме навистина среќно и успешно општество!!! Скоцканиот “криминалец” го фативте… смешни сте!

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close