Uncategorized

ПОДГОТВЕНА ЗА НОВАТА УЛОГА: Маја Шупут ја подготви детската соба- цртежи на ѕидовите, плишани мечиња, од скапите детали боли глава!

Со нетрпение го очекува рвото дете...

Пејачката Маја Шупут е во центарот на вниманието поради својата прва бременост. Имено 41 годишната Маја и нејзиниот сопруг Ненад 37 очекуваат син кој треба да се роди во март.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Сега Маја на Инстаграм се пофали дека собата за момчето е подготвена.

Таа позираше на подот во чорапи и во раката држеше мече. Облече џемпер а косата и беше во плетенки.

„Подготвени сме за тебе, љубов“, напиша пејачката, која ги украси sидовите на детската соба со цртежи на животни.

Фановите коментираа дека просторијата е убава, а фотографиите ја воодушевија и Јелена Розга (43), која исто така даде позитивен даде коментар.

Маја претходно изјави дека нејзиниот син треба да се роди во март, а таа веќе подготви и торба за породувањето.

– Најслаткото пакување торба досега. Породилната торба е подготвена за секој случај, па нека почека онолку колку што е потребно – напиша таа.

Инаку Шупут со нетрпение го очекува своето прво бебе.Таа е во осмиот месец од бременоста и затоа реши да започне со подготовките за доаѓањето на синчето. Пејачката ги украси sидовите со прекрасни детски цртежи, а пред извесно време покажа и дел од мебелот. Таа ја покажа масата за менување на пелени а сподели со фановите и дека купила и шишиња, пелени, цуцли и држачи за цуцла.

Таа е исклучително среќна што се подготвува за скоро пристигнување на нејзиното прво дете, а нејзиниот сопруг Ненад Татаринов со нетрпение го очекува неговиот син.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close